26-годишниот француски репрезентативец не е официјално суспендиран, но нема да може да биде во составот на Ливерпул додека трае истрагата за случајот.
Репортерот на БиБиСи Радио 5, Јан Денис изјави дека Сако паднал на тестови по мечот во ЛЕ на 17. март на Олд Трафорд. Голема е веројатноста дека паднал поради користење средства за топење калории. Играчот до вторник има право да одговори со примерок од Б тест.
Мамаду Сако на Енфилд Роуд дојде во 2013. година. Сезонава одигра 34 меча со се 10 дуели во Лига Европа. Токму Французинот постигна важен гол во триумфот на Ливерпул од 4:3 против Борусија Дортмунд на 14. април кога Црвените обезбедија место во полфуиналето. Ливерпул во моментов е седмопласиран во Премиер лигата, а викендов го пречекува Њукасл на Енфилд.
Соиграчот на Сако од Ливерпул, Коло Туре во 2011. година беше суспендиран на 6 месеци додека играше во Манчестер Сити откако паднал на тест поради користење таблети за смалување на калориите. Туре се правдаше дека му ги дала сопругата и дека не знаел дека се забранети.
Во случај Сако да добие слична казна, сигурно ќе го пропушти Европското првенство 2016-та кое што се игра во Франција и почнува на 10. јуни. Новинарот Јан Денис додава и дека Сако ќе го пропушти првиот полуфинален меч од ЛЕ против Виљареал во четврток.
Досега во англискиот фудбал на тестови паѓаа: Жозе Бакстер од Шефилд Јунајтед поради користење екстази. Џејк Ливермул од Хал поради кокаин, Коло Туре во 2011-та во Сити, Абел Ксавиер во 2005-та, Адријан Муту во 2004 поради кокаин, Марк Боснич поради кокаин во 2002-ра, Ли Боер во 1995. поради канабис и Педи Кени во 2009-та.