Таг: коло туре

Кога Замбија и Брегот на Слонова Коска шутираа 15 пенали

Африкански Куп на Нации 2012. Финале: Замбија - Брег на Слонова Коска. Едниве аутсајдери, другиве дојдени со браќата Туре, со Дрогба, со Вилфред Бони, со Жервињо. Дидие промашува пенал за победа во второ полувреме, и се оди на пенали. А таму голманите дремнаа.

Кога Коло Туре ја лажел љубовницата дека продава коли по Африка

Англискиот жолт печат на големо пишува за љубовниот триаголник на судијата Марк Клатенбрург којшто 10 месеци ја лажел љубовничката дека е бизнисмен и дека скоро ќе се врати од Саудиска Арабија засекогаш. Но тоа е ништо во однос на циркусот на Коло Туре.

Коло Туре се изнаигра на песната за него

Најзаразната мелодија меѓу навивачите во последниве две сезони ги мантра имињата на браќата Коло и Јаја Туре. Песна која што ја потпевнува секој навивач што ќе ја слушне. Чекај да видите како Коло ѝ се израдува додека славеше титула со Селтик во Шкотска.

Ирците и случајниот минувач

По серијата тешки видеа за гледање од Марсеј, конечно стигна нешто интересно од Франција. Навивачите на Ирска почастиле пиво еден случаен минувач, па му ја испеаа фамозната песна за браќата Коло и Јаја Туре.

Мамаду Сако паднал на допинг тест?

УЕФА соопшти дека одбранбениот фудбалер на Ливерпул, Мамаду Сако е под истрага поради тоа што паднал на анти-допинг тестови после мечот против Манчестер во Лига Европа.

Брат за брат, сирење за пари

Во финалето на англискиот Лига Куп при крајот на февруари, на мечот меѓу Ливерпул и Манчестер Сити се повреди Мамаду Сако и на негово место влезе Коло Туре. Во тој редок историски момент за фоторепортерите, двајца браќа играа еден против друг.

Од Ливерпул до браќата Коло и Јаја

Стоук ги уништи со 6-1 во последното коло од Премиер, но тоа не беше причина фудбалерите на Ливерпул да не заминат во Дубаи на три-дневен одмор и да уживаат. Џерард поведе песна за братучедите Коло и Јаја Туре.