Најпознатиот англиски судија, човек кој судеше неколку финалиња Лига на шампиони, Лига Европа, Европско и Светско првенство е во незавидна ситуација откако жената со која што тајно се гледал го открила неговиот прав идентитет.
Клатенбург (42) со осум години повозрасната Андреа Хоџкинсн првпат стапил во контакт во февруари годинава кога таа од него изнајмила луксузен стан во Њукасл. Тој цело време и криел дека е во долгогодишен брак.
Познатиот судија веќе извесно време суди фудбалски мечеви во Саудиска Арабија каде заработува и до 50.000 евра месечно.
Во целиот занес, Клатенбург барал од неа да му праќа непристојни фотографии а на жената и станало чудно што тие никогаш не излегле заедно во јавност, туку се гледале на саат-два. На крајот нејзините пријателки решиле со целата приказна да ги запознаат новинарите.
ПРОДАВАЧОТ НА КОЛИ - КОЛО ТУРЕ
Како што пишува Daily Mirror поранешниот играч на Манчестер Сити и Ливерпул кој се пензионираше во 2016-та годна, една вечер пред девет години се запознал со атрактивна девојка која работела како фото-модел дека е обичен, но успешен продавач на автомобили и дека се вика Франсоа.
Ѝ праќал скапоцени подароци (тогаш во Сити заработуваше по 105.000 фунти неделно) а изговорите му биле дека „продавал голема количина добри мотори за луксузни автомобили“ и слично.
Во тој период Коло Туре ја изневерувал својата сопруга Аво а фото-моделката Кесел Касусио ниту сомневала. Дури ни кога решил да и даде веренички прстен со дијамант скап 1.200 долари.
„Франсоа“ ја запознал оваа девојка во некој елитен ноќен клуб, ја одвезол до дома и размениле броеви на телефони. Утредента ја повикал во хотел а кога му рекла дека и личи на некој многу познат, тој се насмеал и рекол дека е обичен човек што продава автомобили по Африка и дека се занимава со хуманитарни работи (вистина работи како амбасадор на UNICEF).
Се гледале скоро две години без ниту двете девојки да забележат нешто чудно. Но во декевмри 2010 година, Туре наеднаш престанал да и се јавува после што девојката и се исповедала на својата другарка.
Тогаш сфатиле дека на единствената фотографија која што фото-моделката ја поседувала (Коло не сакал никогаш да го слика, а еднаш го фатила на туширање скришно) е познатиот фудбалер.
— Adam Bayliss (@shirleybaylis03) November 26, 2017
„Беше во шок кога ми покажа кој е ’Франсоа’. Ми кажа да одам на интернет и да напишам Коло Туре. Тогаш се шокирав - видов кој е тој а искрено не можев да претпоставам дека е познат фудбалер зошто фудбал не следам. Тогаш сфатив зошто никогаш не сакаше да го сликам. Излегов во јавност со оваа приказна за Коло Туре веќе никогаш да не повреди ниедна девојка како мене“, рекла Кесел Касусио.
На крајот, актуелниот помошник на Брендан Роџерс на клупата на Селтик го спасил бракот со сопругата Аво.