Страста за фудбал во Турција понекогаш ги преминува границите на нормалното однесување, па така неретко има инциденти со сериозни последици. Ривалството меѓу Трабзонспор и Фенербахче датира уште од 2011. година кога тимот од Истанбул ја освои титулата, но поради скандалот со наместени натпревари беше исфрлен од Лигата на шампионите и трофејот го зема вицешампионот Трабзонспор.
Цели пет години нивните дуели минуваат со сериозни инциденти од кои најопасен беше оној од лани кога вооружани напаѓачи пукаа во клупскиот автобус на Фенербахче при што возачот беше ранет.
Нивниот ривалитет се префрли и во Скопје, кога Трабзонспор гостуваше на Филип Втори во натпревар од Лига Европа. Тогаш навивачи на Фенер од Македонија, поставија знамиња на јужната трибина со цел да ги провоцираат гостите од Трабзон.
Уште еден необичен момент: