За вечерашниот дуел од Лига Европа во Скопје допатуваа стотина навивачи на Трабзонспор за кои е резервираната источната трибина.
Но на јужната трибина изненадија група навивачи на Фенербахче кои веројатно се од Македонија. Тие извадија транспаранент на кои пишува 2010/2011, а тоа е сезоната во која кулминираше нивното ривалство.
Турската фудбалска федерација поради местење натпревари тогаш не му дозволи на Фенербахче да настапи во Лигата на шампионите, а УЕФА на нивно место одлучи во групната фаза да му даде шанса на Трабзонспор кој беше вицешампион.
Во април оваа година турскиот фудбал беше суспендиран на една недела откако беше пукано со огнено оружје во автобусот на Фенербахче кој патуваше накај аеродромот на Трабзон. Се претпоставува дека зад нападот стоеа навивачите на Трабзонспор.