
Александар Трајковски и Алберто Џилардино беа творци на триумфот на Палермо кој го совлада Фрозиноне на гости со 0:2. Италијанскиот напаѓач го отвори резултатот во 56 минута, а нашиот репрезентативец влезе во 62 минута и со одличен продор се ослободи меѓу двајца чувари и во 92 минута го матираше голманот на домаќините.

Со овој триумф Палермо ја прекина серијата од 8 порази и 5 нерешени средби. Последната победа ја остварија против Удинезе на 24 јануари кога токму Трајковски го постигна вториот погодок во Серија А.
Во борбата за опстанок Верона е на дното и со 22 бода е со една нога во втора лига.

Битката ќе се води меѓу Фрозиноне кој е претпоследен со 30 и Палермо и Карпи кои се на 17-то и 18-то место и имаат по 32 бода.
Сицилијанскиот состав следното коло ја пречекува Сампдорија, потоа и гостува на Фиорентина, а последниот меч го игра пред своја публика против Верона.
Голот на Трајковски
Хајлатс