Мајсторија на Трајковски за една минута игра

Палермо го декласираше Удинезе со 4:1, а македонскиот репрезентативец Александар Трајковски постигна нов гол во Серија А, речиси идентичен како деби голот во Серија А против Фрозиноне.

Гуилерно Барос Скелото имаше фантастично деби на клупата на Палермо во 21 коло од Серија А во кое Сицилијанците беа убедливи против Удинезе со 4:1.
 
Каисон, Хилјемарк и Лазар му донесоа предност на Палермо од 3:0 до 77 минута, а две минути подоцна гостите постигнаа погодок преку Французинот Сирил Тереу. Македонскиот напаѓач влезе во 86 минута и веќе во следната минута со одличен погодок ги постави конечните 4:1.
 
Палермо сега има 24 бода исто колку Удинезе и се наоѓа на 14 позиција, а следното коло му гостува на Карпи.
 
 
 
24 јануари 2016 - 19:05