Газета дело спорт пишува за Македонецот по одличниот настап вечерва против Фрозиноне, иако Палермо нема поддршка од гледачите поради слабите резултати.
Кога спикерот на Ренцо Барбера во Палермо на почетокот го викаше неговото име Александаааар, никој не одговори, поради тоа што навивачите генерално се незадоволни од резултатите. Малкумина го познаваат Трајковски, а многумина го критикуваа. Но кога Македонецот по еден час игра го откри аголот од голот на Фрозиноне со десна како Дел Пјеро, стадионот се загреа и грмеше презимето на напаѓачот кој во Палермо го донесе Балардини на сугестија на Ѕампарини. Голот на Трајковски беше гол за 3-1 и ги згасна сите надежи на Фрозиноне кој го доживеа шестиот пораз на осум гостувања“, пишува Газета дело Спорт за Трајковски, за кого додава дека го спасил тренерот Балардини од отказ.
Голот на Алек Трајковски:
Сите погодоци на мечот: