Премијата Golden Boy, златно дете на европскиот фудбал се доделува веќе 14 години. Годинава наградата ја доби Ренато Санчез кој минатата сезона играше за Бенфика а годинава стана шампион на Европа и фудбалер на Баерн Минхен.
По голот во Купот на Италија, македонскиот репрезентативец Алек Трајковски го постигна и првиот гол во Серија А за Палермо. Во триумфот од 4-1 против Фрозиноне, Трајковски го даде третиот гол.