Панчев во друштво со Џеко, Ривалдо и Стоичков

По утките на Џеко од кој во Рома очекуваа многу повеќе, италијанскиот весник Газета дело спорт направи листа на најголеми промашувања во Серија А во последните 30 години. Место направија и за Кобра кој одамна призна дека Интер му била погрешна дестинација.

Јан Руш

Седум гола за Јуве во сезоната 1987/1988, а претходно во Ливерпул постигна 139 и освои 4 првенствени титули и 2 во ЛШ.

Ренато Порталупи

23 настапи за Рома во 1988/1989 и ниту еден гол. Не беше напаѓач, но со Гремио освои Копа Либертадорес.

Александр Заваров

Во периодот од 1988 до 1990-та постигна само 7 гола за Јуве. Освои Куп на УЕФА и Куп на Италија, а со Динамо Киев во 1986-та освои Куп на Купови и стана најдобар стрелец.

Дарко Панчев

За Интер играше од 1992-ра до јануари 1994-та и постигна само еден гол, против Удинезе. Потоа замина на позајмица во Лајпциг, а кога се врати во Интер даде уште два гола. Дојде како освојувач на Европа со Црвена Ѕвезда и Златка копачка.

Христо Стоичков

Во 1994-та ја освои Златната топка, а во 1992-ра стана шампион на Европа. Направи трансфер од Барселона во Парма и во сезоната 1995/1996 постигна само 5 гола.

Патрик Клајверт

Холандската ѕвезда сезоната 1997/1998 ја мина со само 6 гола за Милан. Две години претходно во финале од ЛШ против Милан постигна гол за подигнување на пехарот со Ајакс. Брилијантен беше и во дресот на Барса.

Хакан Шукур

12 пати од можни 13 сезони имаше двоцифрен број на голови за Галатасарај, а во Италија ниту еднаш. Еден гол за 5 месеци со Торино во 1995-та. 5 гола за Интер сезона 2000/2001 и 3 гола за Парма следната сезона.

Ривалдо

Дојде како првак на свет, но постигна само 5 гола за Милан во сезоната 2002/2003. На финалето во ЛШ против Јуве не играше и си замина следниот ноември.

Марио Гомез

Во Бундеслига во 7 години држеше двоцифрен број на голови, а беше и најдобар стрелец. Во Фиорентина играше од 2013-та до 2015-та и постигна 7 голови.

Един Џеко

Од вкупно 5 сезони во Манчестер Сити 3 ги заврши со 19, 15 и 26 голови, а кога играше за Волфсбург беше најдобар стрелец во Бундеслига. Во Рома има 26 настапи и само 8 гола.

22 април 2016 - 10:02