Судиите на ЕП 2016 ќе добиваат инсајдерски информации

Пјерлуиџи Колина за ова Европско првенство донесе новитети на кои ќе треба да внимаваат играчите со лоша репутација.

Судиските одлуки знаат да бидат контроверзни и на големите фудбалски натпреварувања. Дали тоа беше пенал? Изглуми ли? Беше ли тоа за црвен?

За што помалку грешки на судиите кои редовно се предмет на жестоки критики, овој Еврошампионат ќе донесе новости кои нема да бидат видни со око за време на натпреварите.

Судиите за прв пат ќе добиваат дополнителни информации за сите 24 фудбалски репрезентации кои ќе учествуваат. Тоа значи дека главните арбитри пред секој меч ќе одат на брифинг за да бидат информации кој најмногу глуми, кој обично влегува во кавги, кој прави груби фаули и кој задржува време.

„Секогаш кога судијата ќе добие повик за состанок, тој и неговиот тим ќе треба да се сретне со аналитичари на натпреварот. Судијата, неговите помошници и дополнителните помошници ќе добијат сеопфатен брифинг за двете селекции и играчите. Целта е судиите да бидат еден чекор понапред и да знаат колку што е можно повеќе за мечот“, објаснува Колина кој шефот на судиската комисија на УЕФА.

На ЕП Франција 2016 ќе има 18 судиски тимови кои ќе треба да имаат контрола на 51 натпревар во периодот од 10 јуни од 10 јули. Секој тим ќе биде составен од главен судија, двајца помошници и уште двајца дополнителни помошници.

22 април 2016 - 16:32