- Екипата на УНИКА во крајно израмнет натпревар успеа да го совлада ЕВН со минимални 8-7.
- ТРАНСМЕТ преку одлично изработени контра напади стигна до победа над Гранит со 7-5.
- Во банкарското дерби Шпаркасе Банка со перфектна реализација во второто полувреме стигна до победа над ХАЛКБАНК.
- Екипата на Еуролинк во дуелот со ОНЕ.ВИП имаше одлична поврзаност во нападот што и овозможи да дојде до чисти позиции кои ги искористи па го доби овој натпревар со 10-4.
- Адмирал со минимална победа над ФАКОМ со 5-4 успеа да остане во трката за “фајнал 8“ фазата
ЈСП рутинирано дојде до победа над АрцелорМиттал со 10-5.
- ЕЛЕМ ја искористи слабата реализација на Алкалоид и славеше со 7-5.
- И во последниот натпревар од ова коло МЕПСО успеа да го совлада Пекабеско во отворен фудбал со 9-5.
Во ова коло се истакнаа следниве поедници:
1. Томи Петковски (ЈСП) 4 гола
2. Гоце Ставревски (Еуролинк) 4 гола
3. Пепи Мицев (Гранит) 4 гола
4. Арбен Нухиу (УНИКА) 3 гола
5. Деко Марков (Шпаркасе Банка) 3 гола
Голман на колото: Петар Бегалиноски (Шпаркасе банка)
Екипа на колото: Адмирал
Тренер на колото: Димче Лазаревски (ТРАНСМЕТ)
Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
1. Един Скендеровиќ (ТРАНСМЕТ)
2. Ибиш Мисини (УНИКА)
3. Ивица Стефковски (Еуролинк)
4. Стојанчо Јосифоски (Шпаркасе Банка)
5. Кире Наумовски (МЕПСО)
6. Александар Димчевски (Пекабеско)
Во вторник ќе бидат познати најдобрите осум екипи кои ќе се борат за шампионската титула.