Offside

Легендарниот бразилски центарфор кој во еден момент беше можеби најдобар шпиц на светот, во отворено интервју за Газета дело Спорт раскажува за својата неверојатна кариера и како тоа што селекторот на Бразил Сколари не го повикал бил повод да падне во тешка состојба и да посегне по разни супстанци.

Во колекцијата на ирските навивачи има место и за македонското знаме

На своето трето учество на Европските првенства, Ирците вчера го славеа историскиот пласман во нокаут фазата откако со 1:0 ја совладаа Италија. На трибината освен своите обележја истакнуваа и туѓи кои ги собирале кога одат на гостувања.

Како тоа изгледаше со исландскиот коментатор

Чувте како одлепи коментаторот кога Исланд даде гол во 94-та за 2:1 против Австрија и историски пласман во осминафиналето на ЕП 2016. Дел од тоа го има и во видео парче.

Ромелу Лукаку, Тојотата на татко му и изводот од матично

Со стручни лица, нови академии, преоѓање на нови методи и многу трпение Белгија стана прва на ФИФА ранг листата иако во минатото пропушти дури пет големи натпреварувања по ред. Ова е сторија за развојот на младите фудбалери во оваа земја.

Македонија на Светско против Шпанија, Исланд и проклетиот Тунис

На денешната ждрепка во Париз, македонската ракометна репрезентација ги дозна противниците за Мундијалот кој се игра следната година. Избраниците на Лино Червар добија тешка задача.

Како Билиќ го работеше Матеус во студио

Колку неговите доминираат на теренот, толку Билиќ се забавува во телевизските студија. Најпрвин маестрално го прослави голот на Димитри Паје, а сега го потсети Матеус колку загубиле од Хрватска на СП 1998.

Варди го одби Арсенал и потпиша 4-годишен договор со Лестер

Англискиот шампион објави дека официјално најдобриот фудбалер во Премиер за сезоната 2015/2016 ќе потпише нов четиригодишен договор.

Коментарот за распоредот на ЕП 2016 кој држи вода

Распоредот во нокаут фазата вчера предизвика многу коментари и кај нас на Фејсбук, бидејќи пет европски сили ќе се требат уште од осминафинале. Еден вели: Да беа шпанците и енглезите први во своите групи ќе беа од другата страна на распоредот, а друг: Не може да бидат повластени победниците на групите А, Б, Ц и Д и да играат со третопласирани.

Кралот од Хрватска за шпански нумери

Во најновата епизода на навивање и пеење со здружени сили на две различни навивачки групи, креатор е еден Хрват кој ги крена на нозе Шпанците во еден локал во Бордо. Подобро од нив ја знае.

Дечкото со тренерките ќе ви покаже една финта

Најстариот играч на Европските првенства оди во осминафинале. Тоа го заслужи и тој и неговата Унгарија, а на толку стоење пред гол, дозволено му е да продава вакви маалски финти кои него најдобро му стојат. Тоа мајсторе, ги измрда поштено.

Белгија втора, Шведска дома, Р. Ирска понатаму

Заврши натпреварувањето по групи, во Ф први се Аѕурите, втори Белгијците, трети Ирците а Шведска и Ибрахимовиќ го завршија учеството на ЕП во Франција.

Кој со кого, кога и каде во осминафиналето

Конечно може да ги исклучиме дигитроните. Познати се сите осминафиналисти и сите кои ги пакуваат куферите на пат кон дома.

Канонада во Лион, Унгарија, Исланд и Португалија одат понатаму

Унгарците не ѝ дале на Португалија гол никогаш, а вечерва за помалку од 60 минути им дадоа три. Исланд славеше во последната секунда и како втор оди во осминафиналето каде како трета ќе оди и Португалија.

Несфатливиот потег на УЕФА

Тоа што денеска сите се прашуваме за ЕП 2016 е следново. Зошто распоредот е направен на таков начин, велесилите на европскиот фудбал да вкрстуваат меѓусебно во нокаут фазата и да се истребат до финалето? Германија, Италија, Шпанија, Франција и Англија не може да се паднат меѓу себе во финале и само една од нив може да стане финалист, а инаку четири од овие пет селекции се поранешни Европски прваци.

Бугаринот Дончев бил крив за голот на Марадона со рака

На 30-годишнината од најфамозниот гол во историјата, оној на Марадона против Англија на СП 1986 со рака актерите на мечот од Англија зборуваат дека погодокот им е непрежална болка, а судијата не се кае за одлуката.

Два билети за финале на ЕП за само 1001 денар

Рамстор мол и Turkish airlines ве водат на финале на европско првенство во фудбал.

Ирските навивачи и француската полиција, неповторливо

Ако треба да се направи топ листа на најдобри видеа со ирските навивачи на Европското во Франција, дефитивно ова е број 1. До толку станаа хит, што во нивниот филм влезе и еден полицаец.

Кристијано: величина, тага и апсурд

Суперѕвездата на Португалија дојде на Европското првенство по освојувањето на 11-та европска титула на Реал Мадрид, каде го постигна решавачкиот пенал во финалето, но во Франција постојано е нервозен, влегува во конфликти и не може да го погоди голот. El Pais го прават партал со критики.

Танзанија навива за Хрватска

Видеото е снимено во еден дом за згрижување на деца без родители во Танзанија, источна Африка.

Како хрватскиот херој ја спасил живинарската фарма на татко му

Роден во Далмација, растен на фармата на татко му каде на телевизија го гледал неговиот идол Аљоша Асановиќ, малиот Иван мечтаел да стане како него. Речиси две децении подоцна израсна во идол на новите генерации во Хрватска.

Честито за трансферот во Русија, ама да ми платеше за свадбата

Бразилскиот репрезентативец Фернандо ќе заработува 3,5 милиони евра годишно и ќе остане должен во Италија 1.500 евра затоа што не му платил на фотографот. Дел од неговиот одговор за обвинувањата: А порцијата на мајка му кој ќе ја плати?

Роналдо фрли микрофон на новинар во вода

Португалија после две одиграни средби има мизерни два бода во конкуренција со Австрија, Исланд и Унгарија, селекција против која вечерва ќе мора да победат за да одат понатаму. Фрустрацијата од таквиот развој очигледно му смета и на Роналдо кој го искали бесот на еден новинар од португалскиот канал CMTV.

Навивач на денот

Ако некој знае да жонглира добро на толку мали години, тоа е детево. Мајка му го убедува дека треба да облече дрес од Колумбија бидејќи тоа е неговата земја, а тој почна да кенка бидејќи преферира нешто друго. На крај ќе ја победи.

Овој удар на Меси не го брани никој

Кога го гледате од повеќе агли овој слободен удар на Меси сфаќате дека било голман да беше меѓу стативите не може да му најде лек на овој фелш кој беше упатен високо, остро, силно и точно во агол. САД - Аргентина 0:4 и финале за Гаучосите во Копа Америка каде го чекаат подобриот од дуелот меѓу Колумбија и Чиле. Со ова ремек дело Меси стана прв стрелец на Аргентина со 55 гола и му го сруши рекордот на Батистута кој останува на 54.