„Не беше моја вина. На тој Мундијал помошниците беа сметани како јас сега. Судијата мораше да одлучува за се. Тогаш ФИФА не советуваше: ако линискиот судија има подобар поглед а судијата не видел ништо, тогаш треба да се консултираме со колегата. Да му веруваме. Сомневав, но го видов линискиот судија Бугаринот Дончев како трча кон центарот и решив да му верувам. Дончев подоцна ме кривел мене? Па јас добив оцена 9,4 од 10 во Комисијата на ФИФА.“ раскажува Али Бин Насер за легендарниот момент.
„Шилтон ми призна дека вината за голот била негова. Потоа со времето смени мислење, но сигурен сум дека тоа го направил затоа што се работеше за Марадона. Ако ти како судија имаш млади помошници, ќе му веруваш на своето искуство и стаж“, додава Тунижанецот.
„Ме нарече доживотен другар. Зборувавме за фудбал и секако, за тој историски натпревар. Му кажав дека Аргентина стана првак само благодарение на него. Ми одговори дека неговиот втор гол кога нанижа пет играчи е моја заслуга: не сум свирел фаул веднаш и не сум го сопрел неговиот продор. На почеток мислев дека ме исмејува, но подоцна сфатив дека тоа е дел од играта. Од тој натпревар се сеќавам дека беше страшно топло: 42 степени под сенка сред јуни“, констатира Али Бин Насер за Газета дело Спорт.
„Уште ја чуствувам неправдата. Луѓето велат заборави, остави, но сите сметавме дека таа година можеме да одиме до крај и размислувавме што можеше да се случи. Тоа беше можеби најголемата превара што некогаш сте ја виделе - и тој помина со тоа", вели Тери Бачер.
Бекот на Англија од тој натпревар, Тери Фенвик бил најгласен во протестите кај судијата Али Бин Насер, но Тунижанецот само одмавнал со рака и го признал голот.
„Пола од нас не го видеа моментот. Шилц (Шилтон) мислеше дека ја има топката, затоа што Марадона е низок, но тој ја турна со рака топката. Во прв момент не верувавме што се случи. Како Марадона го натскока Питер Шилтон?", се присеќа Бачер.
На прашањето на прес-конференцијата после мечот, како го дал голот, Марадона изјавил: „Малку со главата на Марадона и малку со Божјата рака".
Гледачите покрај телевизија уште се држеле за глава поради очигледната рака, а само неколку минути подоцна Марадона го постигнал „Голот на векот". Тргнал во слалом од неговата половина и легнал пола англиска репрезентација на земја. Меѓу нив бил и Тери Бачер.
„Ужасно беше за мене, затоа што ме издрибла не еднаш, туку два пати. Требаше да го соборам на земја пред голот, а требаше да го фаулираат и соиграчите.