Со селекцијата на Република Ирска досега имаме шест соочувања во три квалификациски циклуси и само една победа, а последното нивно гостување во Скопје се случи на 4 јуни 2011-та кога го игравме првиот меч на целосно изградената арена Филип Втори.
Ирска славеше со 0:2 на тој квалификациски меч за ЕП 2012 и веројатно тогаш се снабдиле со нашето знаме кое се најде на трибините на Европското првенство. Забавната страна на овие момци кои се хит во Франција ја покажаа и во Скопје и на седенките во кафулињата и на стадион.
Ова се само дел од видеата кои ги имаат закачено на Јутјуб од нивното гостување во Скопје пред 5 години.
Со шалчиња и знамиња на Македонија
Учествуваа во брановите
Снимаа за време на интонирањето на нашата химна
Прославата на победата
Пред ГТЦ ја пееа истата песна која ја им и ја пееја на француската полиција
Дуелите меѓу Македонија и Ирска