Португалија после две одиграни средби има мизерни два бода во конкуренција со Австрија, Исланд и Унгарија, селекција против која вечерва ќе мора да победат за да одат понатаму. Фрустрацијата од таквиот развој очигледно му смета и на Роналдо кој го искали бесот на еден новинар од португалскиот канал CMTV.