Напаѓачот остана лисица

Варди го одби Арсенал и потпиша 4-годишен договор со Лестер

Англискиот шампион објави дека официјално најдобриот фудбалер во Премиер за сезоната 2015/2016 ќе потпише нов четиригодишен договор.

Репрезентативецот на Англија кој на Европското постигна исклучително важен гол за Гордиот Албион против Велс го одби Арсенал и реши да остане во клубот кој за 1 милион фунти пред неколку сезони го купи од нисколигашот Флитвуд.
 
Англиските медиуми повеќе од еден месец го поврзуваа напаѓачот со Арсенал, Венгер во меѓувреме соопшти дека ќе достават понуда до него, но потоа изјави дека Варди не доаѓа на Емирати.
 
По враќањето од ЕП, Варди ќе потпише нов договор со Лестер. Тој во 2012-та година, откако успеа да му помогне на Флитвуд да се врати од Конференцијата во Лига 2 (четврти ранг) се пресели во Лестер. По завршувањето на Премиер лигата тој беше втор стрелец во првенството со 24 гола, веднаш зад Хари Кејн од Тотенхем со 25.
 
„Лестер Сити денес се договори со агентите на Џејми Варди за продолжување на договорот со англискиот репрезентативец со англискиот шампион на уште четири години“, сооштија „Лисиците“ денес.
Сторијата на Варди тука.