ЕП 2016 Франција

Канонада во Лион, Унгарија, Исланд и Португалија одат понатаму

Унгарците не ѝ дале на Португалија гол никогаш, а вечерва за помалку од 60 минути им дадоа три. Исланд славеше во последната секунда и како втор оди во осминафиналето каде како трета ќе оди и Португалија.

Во осминафиналето ќе играат:

Унгарија - второпласираниот од Е (Белгија/Шведска/Р. Ирска)
Англија - Исланд
Хрватска - Португалија.

УНГАРИЈА - ПОРТУГАЛИЈА 3:3
/Золтан Гера 19’, Џуџак 47’, 55’ - Нани 43' Роналдо 50’, 62’)

Гера го отвори мечот со ефектен гол. По корнерот на Унгарија, топката се одби до него, Золтан ја смири и постигна преубав гол во долниот лев агол на Руи Патрисио:

Португалија на време израмни. Роналдо го проигра Нани со топка во простор, а овој од лево од прва шутираше и ги постави конечните 1-1 на полувреме:

Само што почна вториот дел, Унгарија повторно поведе. Капитенот Балаш Џуџак изведе слободен удар, го погоди ѕидот а топката го смени правецот и го измами Руи Патрисио:

Не поминаа ниту пет минути, а Роналдо измрани на 2-2 со преубав гол со пета:

Канонадата продолжи по само пет минути кога Балаш Џуџак го постигна својот втор гол на мечот. Шутираше од ќошот на шеснаесетникот, го погоди Нани и топката по втор пат го измами Патрисио:

Во 62. минута Кристијано Роналдо го даде 60-от гол за репрезентацијата и израмни на 3-3. Неверојатен меч:

ИСЛАНД - АВСТРИЈА 2:1 (1:0)
/Дади Бодварсон 18’, Траустасон 94’ - Шеп 60’/

По „центаршутот“ на капитенот Гунарсон, Бодварсон добро се снајде по топката спуштена со глава до него и го отвори резултатот:


Пенал за Австрија во 36. минута, но не го искористи капитенот Александар Драговиќ кој ја погоди стативата:


По серијата напади, Австрија успеа да израмни со голот на резервистот Алесандр Шеп во 60. минута после фантастичниот соло продор:

 

Траустасон во 94-та минута испиша историја за Исланд, дебитант на Европските првенства кој оди во осминафиналето:

ГРУПА Ф: Унгарија 5, Исланд 5, Португалија 3, Австрија 1.

Понатаму од оваа група, во осминафиналето одат: Унгарија и Португалија и Исланд. Австрија отпадна.

Како моментално изгледа табелата со најдобрите третопласирани селекции: