Кристијано: величина, тага и апсурд

Суперѕвездата на Португалија дојде на Европското првенство по освојувањето на 11-та европска титула на Реал Мадрид, каде го постигна решавачкиот пенал во финалето, но во Франција постојано е нервозен, влегува во конфликти и не може да го погоди голот. El Pais го прават партал со критики.

Откако по втор пат го подигна европскиот пехар со Реал Мадрид и тоа пред очите на градскиот ривал, Кристијано Роналдо замина на заслужен одмор на Ибица, но откако замина на Еврошампионатот во Франција ништо не му оди.

Прво Исланд им зема бод на Португалците, а тој ги нападна зошто славеле за нерешено, а потоа промаши пенал против Австрија и не успеа да и донесе победа на својата земја. Денеска против Унгарија има трета шанса за прва победа на првенство, што би значело пласман во нокаут фазата. Роналдо до сега има 20 удари кон гол, без ниту една реализација.

El Pais објави колумна од британскиот колумнист Џон Карлин насловена како „Кристијано: величина, тага и апсурд“ каде директно го напаѓа и го анализира како личност.

„Роналдо не разбира некои работи. Тој има таков менталитет. Мора да се каже следново: Никогаш во историјата на фудбалот немало друг играч на таква комбинација, величина како играч и смешен како личност. Роналдо е најдобар доказ за тоа дека некој може добро да изгледа и да биде славен, па дури и може да стигне до врвот и да се смета за втор најдобар играч во светот, но во исто време да биде за греота. Тој може да биде опкружен со се повеќе коли како Ферари и Ролс Роус, како и со супермодели, но тој нема мир во себе и на крајот, тој не се среќен“.

„Но луѓето треба да разберат дека тоа не е по негова вина. Приказната за неговиот живот повикува на простување. Татко му беше алкохоличар, беше тешко присутен во неговиот живот и умре кога Роналдо имаше 20 години. Татко му бил опкружен со мршојадци чиј единствен интерес бил да се стигне до пари од неговиот успех. Тој немаше луѓе со добрина околу него кои ќе му помогнат да застане на нозе“.

„За да ја разберете неговата тажна приказна само погледнете го документарецот за Роналдо кој лани имаше премиера во Лондон. Филмски споменик кој го крева неговиот нарцизам. Тој призна дека нема многу пријатели во фудбалот и дека им верува на малку луѓе. Еден од тие е неговиот агент Хорхе Мендес кој во документарецот се појавува како држи говор на приватна вечера со Роналдо и неговите пријатели, каде ги величи доблестите на својот омилен клиент, оној кој му генерира најмногу пари. Нормален човек би му удрил шамар на Мендес, толкувајќи ги неговите пофалби како смешни. Роналдо ги прифати на природен начин како да верува дека тој е Бог на кој треба да му верува. Сиромав тој. Зад таа набилдана суперѕведа има едно меко расипано дете. Има толку многу среќа во животот, но и исто така и многу лоша.

Ова е денешниот негов кикс на ЕП 2016

22 јуни 2016 - 15:34