Offside

Легендарниот бразилски центарфор кој во еден момент беше можеби најдобар шпиц на светот, во отворено интервју за Газета дело Спорт раскажува за својата неверојатна кариера и како тоа што селекторот на Бразил Сколари не го повикал бил повод да падне во тешка состојба и да посегне по разни супстанци.

Топ 5 голови на дербито во Манчестер

Како најава на супер интересната пресметка (сабота, 13:30) меѓу Јунајтед и Сити во новата сезона, во ново руво и со новите елитни тренери, одиме со головите на Бекам, Агуеро, Овен, Белами и ремек делото на Руни. Сето тоа во една поинаква верзија на видео.

Момент за паметење со големиот Делпо

Човекот кој после две сериозни повреди се врати на терените, одигра маестрални Олимписки Игри каде стана вицешампион, не можеше да ги сопре емоциите на УС Опен и се расплака на мечот против Станислас Вавринка

После шест години, Бед Блу Бојс кренаа бело знаме

Првпат после 2010. година кога официјално стапија во бојкот против „криминалецот кој го приватизираше клубот за семејни потреби“ Здравко Мамиќ, организираната навивачка група Бед Блу Бојс ќе се врати на својата матична трибина.

Пораз на кошаркарите, Европското сè подалеку

Втор пораз на три меча во квалификациите за Европското и македонските кошаркари веројатно го губат чекорот за место на континенталниот собир следната година. Во Кавадарци вечерва Унгарија беше подобра за 10 поени, 66:76.

За гол на годината во Шкотска, одма да го прогласите

Детево игра во младинска шкотска лига и сега не е важно како се вика. Изгледа ќе дознаеме во иднина кога ќе го видиме во дрес на Реал, Барса или Баерн Минхен и се разбира како лидер на репрезентацијата на Шкотска.

Во сабота ќе го гледаме најскапиот фудбалски натпревар во историјата

Кога Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе се појават на Олд Трафорд во 13:30 часот, ќе бидеме сведоци на најскапиот натпревар во историјата на фудбалот. Толку пари не вредело до сега ниту едно Ел Класико.

Тениски меч на денот

Ако организациите кои се борат против местенки немаат доволно работа нека го анализираат тенискиот меч меѓу Бенџамин Тулу од Франција и Фабијан Томас од Чешка. Зошто? Гостинов не освоил ниту еден поен.

Мојот стрес, Косово и Гатузо

Самир Ујкани е еден од 11-те играчи кој ќе биде запишан во историјата на својата земја кој настапил на нивниот прв фудбалски меч во историјата. На неговиот настап му претходел огромен стрес и несоница во очекување дали ќе добие дозвола да игра.

Убавиот гест на бундеслигашот Дармштад

Џонатан Хајмс кој ја загуби 14-годишната битка со ракот, бил еден од најверните навивачи на бундеслигашот Дармштад клуб кој сега реши да го преименува стадионот по него.

Колку пари заработуваат Македонците во Серија А?

Италијанскиот фудбал полека излегува од кризата. Да, до рекордни 1,1 милијарди премиерлигашки евра се далеку, но активноста на клубовите и инвестициите од Далекиот Исток носат оптимистични суми.

Најбрзиот пат до полуфинале на УС Опен

Новак Ѓоковиќ синоќа обезбеди ново 10-то полуфинале по ред на отвореното првенство во Њујорк, а доколку се вратиме во историјата сигурно ќе откриеме дека времето за кое стигна на ова полуфинале е рекордно.

Најдобрите живи ѕидови во историјата

Во моментот кога едни навивачи гризат прсти и се молат противникот да не пласира во агол од слободен удар, другите веруваат во еврогол преку или под живиот ѕид кој понекогаш е составен од најголемите фудбалски ѕвезди.

Фергусон сакал да го доведе Тери во Јунајтед на 14 години

Кога имал 14 години, Џон Тери заедно со неговиот татко и дедо кои биле навивачи на Манчестер Јунајтед, разговарале со Алекс Фергусон за тој да премине кај нив, но Тери го одбрал Челси.

Фото на денот

Квалификации за ЕП Полска 2017 за играчи до 21 година. Македонија вечерва славеше против Северна Ирска и во моментов е на прво место на табела. Колку само тоа убаво звучи и изгледа, Македонија да е некаде на прво место на табела во фудбал.

И вака можело

Имаш ситуација на празен гол бидејќи си го минал голманот и кога мислите дека детево си го искомплицира животот што не шутна одма, ќе ве изненади.

Местото на УС Опен кое не го посетуваат Ѓоковиќ и Федерер

Во рамките на тенискиот центар на отвореното првенство во Њујорк има една просторија во која стотици тенисери влегуваат со празни рекети и потоа излегуваат спремни за борба на познатиот Гренд слем.

Бомби под кола, корупција и местење на Кипар

Очајни времиња за спортот на Кипар каде проценките одат и до 67% сомнителни, наместени исходи на натпреварите. Претставени се нови правила, но дали ќе се решат проблемите?

Имаше ли пенал за Македонија?

Нашите репрезентативци имаа огромна шанса за 2:2 во 92-та минута, но турскиот судија реши да не свирне пенал при оваа спорна ситуација откако Ванче Шиков беше соборен.

Македонија не ги издржа 15-те минути во Скадар

По два дена фудбал, македонската фудбалска репрезентација се враќа поразена од Албанија. Третото полувреме од мечот против дебитантот на Европските првенства ова лето траеше кусо и кобно по голот на Захов.

14 тензични минути во Скадар за обложувач од Босна

Човекот одиграл 25 натпревари, од кои фатил 22, потоа 2 му се пресметани со коефициент 1 (најверојатно ги одложиле) и му останува уште Албанија – Македонија од која ќе треба да следи и трето полувреме. Ако победи Албанија ќе добие околу 29.000 конвертибилни марки или скоро 15.000 евра.

21 година од шкорпионот на Рене Игита

На денешен ден во 1995. година, на Вембли во Лондон, пријателска одиграа Англија и Колумбија. Мечот го одбележи абнормалната одбрана на легендарниот Рене Игита кој во ’23 минута реши ударот/центаршут на Џејми Реднап да го скроти на невиден начин.