Фото на денот

Квалификации за ЕП Полска 2017 за играчи до 21 година. Македонија вечерва славеше против Северна Ирска и во моментов е на прво место на табела. Колку само тоа убаво звучи и изгледа, Македонија да е некаде на прво место на табела во фудбал.

До крај на квалификациите:

05.10.2016 Исланд - Шкотска
06.10.2016 Украина - Северна Ирска
08.10.2016 Македонија - Шкотска
11.10.2016 Северна Ирска - Франција
11.10.2016 Исланд - Украина

Првиот директно оди на Европско, а најдобрите четири второпласирани селекции од деветте групи ќе играат во плеј-оф. За Македонија да обезбеди директен пласман потребно е да слави против Шкотска, а Исланд да киксне барем на едниот дуел. Во случај Македонија и Исланд да имаат ист број на бодови, прв ќе биде Исланд поради подобриот меѓусебен дуел. Напред момци, на пат сте да испишете нова историја за македонскиот фудбал.

6 септември 2016 - 22:32