Таг: македонска фудбалска репрезентација до 21 година

Врвна заебанција за петардата против Бугарија

Сениорите во квалификации за Светско го тепаа Лихтенштајн 5:0, па следниот ден на турнир во Анталија се отворија и младите до 21 година и ги потепаа Бугарите со 5:1. Ама тоа ти е соседско дерби, кое му дава на човек инспирација да си поигра на Фејсбук и за осетливи теми.

И Бугарите попија петарда, во соблекувална ечи „Бисер Балкански“

24 часа по демолирањето на Лихтенштајн, Македонија наполни уште една селекција со 5 комада, а овој пат протагонисти беа младите до 21 година кои на турнир во Анталија и направија потот на Бугарија У-21 со 5:1. Стрелци: Марио Илиевски, Томче Гроздановски, Методи Максимов два гола и автогол на Мартин Дичев. Момците на Благоја Милевски удрија славенички на песна.

Енис Барди рамо до рамо со Асенсио од Реал Мадрид

Тоа што македонските надежи не успеаа да победат на ниту еден меч на дебитанското Европско првенство не го зема никој за грев. Во составот на Милевски кој очекуваме да биде идната А селекција на Македонија, скаутите избраа фудбалер и го сместија во славно друштво.

Надежите на Македонија со пораз го завршуваат дебитантското ЕП

Убаво беше да се види, да се почувствува и да се одигра на еден ваков елитен фудбалски собир на кој учествувавме за прв во историјата. Македонија за жал не успеа да победи никого во тешката група, но како за прв пат остави одличен впечаток и што е најважно одигра со срце.

Мајсторија на Барди од 20 метри

По фантастичниот погодок на Никола Ѓорѓев против Србија, фудбалерите на Боби Милевски уште еднаш ги демонстрираа своите голгетерски квалитети од далечина. Овој пат има соло акција и голчиште на Енис Барди во првото полувреме против Португалија.

Мотивирачко видео за двете селекции на Македонија

11-ти и 17-ти јуни се два важни датуми за македонскиот фудбал. Прво сениорската фудбалска репрезентација на Филип Втори ја пречечува велесилата Шпанија во квалификациите за СП 2018, а шест дена подоцна јунаците на Боби Милевски ќе дебитираат на Европското во Полска и тоа против истата земја. Напред момци.

Топ 10 моменти за 2016-та по наш избор

Направивме една листа од сè она што од прва низ помина во глава, а беше актуелно за следење, гледање, пишување во текот на годинава. Можеби сме испуштиле нешто важно, луѓе сме, ама на толку збиднувања и куцање на тастатура последниве 365 дена веројатно изборов ќе добие солидна оценка.

Франција има играч три пати поскап од Македонија, ама ЕП ќе гледа од дома

Ако ја споредиме вредноста на селекциите во нашата квалификациска група за Европското во Полска, изненадување е што македонската е втора најскапа репрезентација. Французите може да не купат со се партали, ама не може да ни го одземат тимскиот дух со кој ги покоривме сите.

Најава за ЕП со момците од У21

И следно лето ќе гледаме Европско, овој пат од 16 до 30 јуни за младинци, а меѓу најдобрите 12-те европски селекции ќе биде Македонија. Да не му се верува на човек кога ќе помисли, ама вистина е, први сме во група со 21 бод и само еден пораз. Момците изиграа феноменално.

12-от играч на македонската репрезентација

Ниту Маркоски и Барди, ниту Бабунски, ниту Боби Милевски не се заслужни за историскиот успех на македонскиот фудбал, а богами ниту Украина. Друг ја завршил работата.

Фото на денот: Нека трепка

Македонија У21 се пласираше директно на ЕП 2017 како прва во групата и тоа во друштво на 9 првопласирани селекции од вкупно 52 во квалификациите. Уште две ќе бркаат учество преку плеј-офот и со се домаќинот вкупниот број на учесници ќе биде 12. Дечките имаат 6 победи, 3 нерешени и само еден пораз.

Орото од стадион продолжи во хотел

Ако за четвртото место на Европско првенство во кошарка и петто во ракомет долго ќе се сеќаваме на оние легендарни снимки од плоштад каде кошаркарите и ракометарите беа пречекани како херои, од фудбалската историја на прво место ќе бидат овие видеа. Почнаа со шампањско на терен, продолжија со песна и ора во прес центарот, па во хотел и до тука знаеме.

Делириум во прес центарот на Филип Втори

11 октомври 2016 година како датум ќе биде запишан со златни букви во македонскиот фудбал и спорт воопшто. Македонија оди на Европско првенство во фудбал, успех за кој мечтаевме повеќе од две децении, а кои го остварија хероите на Боби Милевски.

Фото на денот

Квалификации за ЕП Полска 2017 за играчи до 21 година. Македонија вечерва славеше против Северна Ирска и во моментов е на прво место на табела. Колку само тоа убаво звучи и изгледа, Македонија да е некаде на прво место на табела во фудбал.

Сомнителни откажувања кај младинците

Репрезентацијата на Македонија за до 21 година остана без тројца играчи заради повреди, но проблемот е што повредите кај некои од нив важат само за репрезентацијата додека деновиве тие редовно настапуваа за клубовите.

Европското првенство остана сон за младите

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година не ја искористи историската шанса за пласман на Европското првенство, но сепак не разочара затоа што по подолго време една наша репрезентација не ги заврши квалификациите уште по почетните натпревари туку се бореше до крај.