Дека Македонија е земја во која има само дрва за фудбал, демантира Енис Барди кој се најде во најдобриот тим од групната фаза на Европското првенство за играчи до 21 година.
Признанието не е воопшто наивно бидејќи тој е избран во среден ред заедно со Асенсио кој неодамна освои Лигата на шампиони со Реал Мадрид, а изборот падна кај Роб Мекензи кој е специјалист за скаутирање фудбалери.
Тој ги опиша квалитетите на македонскиот репрезентативец и истакна дел од неговата статистика дека пропуштил само 92 од вкупно 900 минути во квалификации и имал 13 гола и 7 асистенции за Ујпешт минатата сезона.
„Прецизноста на неговото проигрување заедно со извонредната техника на шут го прави несомнено опасен во последната третина од играта. Сето тоа го покажа против Португалија, и со постигнатиот гол. Неговиот недостаток на физички и природен атлетизам би можел да биде дискутабилен за скаутите, но јас сепак би бил изненаден да го видам во Ујпешт и следната сезона“, вели Мекензи во својата анализа за Скај спортс.
Идеалниот тим на групната фаза на Европското првенство У-21 изгледа вака:
Хојберг (Данска), Калдара (Италија), Скрињар (Словачка), Кансело (Португалија), Родригез (Португалија), Саул (Шпанија), Барди (Македонија), Асенсио (Шпанија), Брума (Португалија), Поденсе (Португалија), Захоре (Данска).
Барди го постигна првиот историски гол за Македонија на Европските првенства, а потоа уживавме во неговото ремек дело против Португалија,