
Младата селекција на Македонија се враќа во Битола после долги 31 година, а ќе игра квалификациски меч за Европско против Италијанците.
Последниот меч кој се памети на нашата селекција за играчи до 21 година под Тумбе кафе е оној против Шпанија, исто така квалификациски, одигран на 11 октомври 1994-та.
Шпанците гостуваа со Гаицка Мендиета, кој играше во Лацио и Барселона, а најмногу се прослави во дресот на Валенсија, со која освои три трофеи, а две години по ред играше финале во ЛШ.
За Македонија на тој натпревар настапија многу познати играчи како Ѓорги Христов, Артим Шаќири, Срѓан Захариевски, Муамер Зекир, Џевдед Шаиновски и ред други кои потоа играа за сениорскиот тим.
Шпанците славеа 0:1, но она што е најинтересно е што постои една анегдота од тој натпревар.
Гостите барале попладне тренинг, но не знаеле дека на стадионот нема рефлектори и ниту имало абер да се стават. Дури во 2025-та ги добија. Чаре?
Дежурните служби во полиција, пожарна и амбуланта влегле на стадион да им светат со монтирани рефлектори на возилата. Цепки.
Инаку стадионот е распродаден, а стадионот „Петар Милошевски“ е тип топ спремен во ново руво.