Тумбе кафе спремен за Италијанците во ново руво

По пауза од три децении, македонската фудбалска репрезентација до 21 година ќе одигра меч во Битола и тоа против Италија во квалификациите за ЕП. Билетите се распродадени, што значи на култниот стадион кој од пред неколку години е преименуван во „Петар Милошевски“, ќе има рекордни 8.587 гледачи. Мечот стартува денеска во 18:15. Битолчани конечно добија стадион каков што заслужуваат.

9 септември 2025 - 13:54