Франција има играч три пати поскап од Македонија, ама ЕП ќе гледа од дома

Ако ја споредиме вредноста на селекциите во нашата квалификациска група за Европското во Полска, изненадување е што македонската е втора најскапа репрезентација. Французите може да не купат со се партали, ама не може да ни го одземат тимскиот дух со кој ги покоривме сите.

Репрезентацијата на Франција У21 е богатство во пари и чини скоро 100 милиони фунти, сума која е многу далеку пред сите останати земји кои беа дел од третата квалификациска група. Нивниот неуспех што не се пласираа на Европско сигурно го сметаат за срам.

Главната конкуренција во сенка излезе дека е една фудбалска селекција по име Македонија која вреди само 6,21 милиони фунти. Тоа значи дека Франција е 15 пати поскапа од Македонија, но на терен тоа не значеше ништо, бидејќи и двата нивни меѓусебни меча завршија нерешено. 1:1 во Ле Ман и 2:2 во Скопје.

Ова се податоци според Трансфермаркет, сајтот кој има проценки за тоа колку вреди секој клуб и секоја репрезентација. Поголемиот дел од репрезентативците на Франција играат во домашното првенство, исто како во нашиов случај, но француското и македонското првенство е излишно да се споредуваат.

Само првите петмина најскапи репрезентативци на Франција чинат колку пола селекција. Знаете кој им е најскап? Осман Дембеле кој беше на мета на скаути од Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Милан, Баерн Минхен, Волфсбург, Барселона, Еспањол, Саутемптон и Манчестер Сити.

За 19 годишниот напаѓач, Барселона понуди 35 милиони евра, но Рен ја одби понудата и потоа и го продаде на Борусија Дортмунд со кој потпиша договор до 2022 година. За малиот го гледате видеово и се ви е јасно, а чини 15,3 милиони фунти, скоро три пати повеќе од сите наши репрезентативци.

По него според вредноста следуваат Корентин Толисо од Лион (11 милиони фунти), Томас Лемар од Монако (10,2), Адриен Робиот од ПСЖ (10,2), Лукас Хернандес од Атлетико Мадрид (8,5).

Во таборот на Боби Милевски најскап играч е Марјан Радески од Шкендија чија вредност изнесува 510.000 евра, потоа следуваат Енис Барди (Ујпешт), Давид Бабунски (Црвена Ѕвезда), Дарко Велковски (Вардар) и Бесарт Демири (Шкендија) со по 425.000 евра.

Вака изгледа табелата на селекциите од квалификациската група 3 за ЕП 2017 во пари:

Но џабе им се парите, кога на крајот најважната табела изгледа вака:

 

Или како што вели Бабунски тајната е во почитта, скромноста, тимската работа, дисциплината, пријателството, великодушноста...