Осман Дембеле важи за еден од најбрзите фудбалери на денешницата. И не само, туку се работи и за заебан дриблер. Тоа добро го знае и неговиот сонародник Бенџамин Павард, кој остана закован со две нозе и се откажа од дуелот.
Барселона е се поблиску до зацврстување на втората позиција во Ла Лига откако синоќа на три кола до крај ја победи Селта со 3:1. Стрелци Депај и два пати Обамејанг. Осман Дембеле имаше две асистенции и дриблинг против двајца кои го загубија компасот кога тргнаа да му ја земат.
Осман Дембеле стана проблематичен случај во Барселона кој наверојатно ќе заврши во јуни со разделба. Не сака да остане во Барселона, навивачите почнаа да го свират, а изгледа нема веќе ни другари. На мечот со Атлетико побара од сите да се преместат по едно седишне, за да седне до Обамејанг со кој играше во Борусија една сезона.
Фудбалерите на Барселона направија голем подвиг, откако синоќа успеаа да надоместат 2 гола против Севиља и да се пласираат во големото финале на шпанскиот Кралски Куп. 3-0 славеше Барса со гол во продолженијата (Тер Штеген фати пенал на 1-0). Претходно Дембеле искина мрежа за отворање на резултатот.
Кога Франција стана светски првак 1998-ма, Дембеле имал 1 година, ама тоа не е изговор да не ти текне некое од тие имиња. Тоа се легенди кои мора да ги знае и изговори како пушка, особено што е нивен наследник. На прашањето кои француски играчи ти се најголема инспирација, ѕвездата на Барселона одговараше вака:
Лионел Меси сезонава постигна 4 гола и сите 4 му се од пенал (3 за Барса против Виљареал, Ференцварош и Јувентус и 1 за Аргентина). Манчестер Јунајтед демонстрираше сила против германски Лајпциг и го потопи со 5 комада (Рашфорд влезе и даде 3)
Ти мислиш се загрева на тренинг, а тој тргна и почна: еден, двајца, тројца, четворица, лоб и гол. Им влезе без пардон како ненаигран да е или поточно во стилот на се знае кој.
Барса ја совлада Севиља откако после почетниот притисок домаќинот се ослободи и во рок од 20-ина минути постигна три гола. Суарез со ножички, Видал после интересна комбинација, Дембеле од лево крило со десна во подалечниот агол, а Меси од слободен го затвори мечот.
Обично е тивок на зборови и ретко го гледаме да влегува во конфликт со судии. Но на крајот од мечот против Севиља, Меси имаше обид да го оправда Осман Дембеле за црвениот картон на начин кој нема шанси да му пројде ни во трета лига.
Каква ќе биде Барселона сезонава со староседелците Меси, Суарез, Дембеле, Кутињо и новите Гризман и Де Јонг ќе видиме уште од петок кога ја стартуваат сезоната со гостување во Билбао. Инаку играа уште една пријателска со Наполи на која повторно Елмас одигра едно полувреме. Ги растурија 4:0.
Напаѓачот на Барселона сега има 22 години, а на видеово е некаде 18-19 како член на Рен. Новинаров добро му влезе со лева - десна, но штета што го испрашува само 13 секунди.
Возбудливото полуфинале меѓу Барселона и Ливерпул според сериозноста на шансите не требаше да заврши 3:0. Ќе си земеме за право да кажеме дека Салах и Дембеле се посрамотија во финишот. Ливерпул можеше да брка 2 гола негатива, ама и 4.
Францускиот репрезентативец синоќа 75 минути одигра добар фудбал. Имаше и асистенција за гол, а она што му го направи на Карвахал, сигурно ќе се памети.
Ако некој се посомнева дека свежината и брзината на Меси повеќе ги нема, а уствари ги има и воопшто не се избледени, сега тешко на тој што ќе си има работа со нападот на Барса кога и двајцата ќе се најдат во прв состав. Дембеле е фудбалер кој кога ќе тргне со топка одма уфрла во трета. Заклучок: Не се чува детево од што е брзо. Вчера пак даде гол, а пред четири дена му даде два на Леванте.
Барселона синоќа го совлада Леванте со 3:0 и го елиминираше од Копа дел Реј. Играч на мечот беше Осман Дембеле кој беше двоен стрелец. Но баталете му ги головите, бидејќи не се ништо посебно и пазате што им направи на Барди и уште двајца.
Иако е млад, има само 21 година, сепак Осман Дембеле знае да ги праќа постарите по бурек. На Вечино му рече оди по четврт со сирење, а на Брозовиќ со месо. Овие синхронизирано заминаа.
„Галските петли“ ретко кога во историјата имале вака страшен напад како денес, на 80-ина дена пред Мундијалот. Гризман, Мбапе, Дембеле, Лаказет, Марсијал, Бен Једер, Жиру....
Еден од најталентираните француски фудбалери кој синоќа со гол и асистенција против Англија си го бетонираше првотимскиот статус во репрезентацијата во една прилика даде необична изјава. Слична на онаа на Бора Тодоровиќ од култниот „Балкан Експрес“.
Ако ја споредиме вредноста на селекциите во нашата квалификациска група за Европското во Полска, изненадување е што македонската е втора најскапа репрезентација. Французите може да не купат со се партали, ама не може да ни го одземат тимскиот дух со кој ги покоривме сите.
По 5 минати кола најефикасна екипа во германскиот шампион е Борусија Дортмунд кој постигна 16 голови. Кога ќе го ѕирнете видео ќе сфатите дека таа бројка брзо ќе расте. Од оваа сезона го имаат еден од најопасните и најбрзите млади играчи во Европа, Осман Дембеле кој го купија од Рен. Има 19 години и се чува само со фаул.
Фамата која што го следеше Нејмар на времето сега е верна сенка на Осман Дембеле, сензацијата од француски Рен, клуб кој ја одби понудата од 35 милиони евра од Барселона за младиот универзалец.