Барса ја намачка Севиља со 4:0, но на крајот доби два црвени картони. Араујо беше исклучен поради фаул, а Дембеле поради неспортско однесување.
Откако доби црвен, Дембеле му рекол на арбитарот „многу си лош“ и Меси веројатно свесен дека може да изеде казна од два меча и да го рипне Ел Класико, му продавал на судијата лажги со опашки велејќи му: „Ама тој не знае да зборува шпански“.
Францускиот напаѓач не е два дена во Барселона за да не знае шпански, туку две години, така што стварно лажгава на Меси нема шанси да му пројде.
Поради црвениот картон, Дембеле го пропушта следното коло со Еибар, а доколку судијата го внесол во тефтер и приговорот „Многу си лош“, тогаш џабе Каталонците ќе поднесуваат жалба и тој ќе го рипне и дербито со Реал кое се игра на 26-ти октомври.