Таг: еп у-21 2017

Топ 10 голови на ЕП У-21

УЕФА нема сместено ниту еден гол на нашите во најтесниот избор, ама затоа 4 од 10 се постигнати токму против Македонија. Избраниците на Боби Милевски одиграа отворено и машки против Шпанија, но примија јаки голчишта.

Надежите на Македонија со пораз го завршуваат дебитантското ЕП

Убаво беше да се види, да се почувствува и да се одигра на еден ваков елитен фудбалски собир на кој учествувавме за прв во историјата. Македонија за жал не успеа да победи никого во тешката група, но како за прв пат остави одличен впечаток и што е најважно одигра со срце.

Мајсторија на Барди од 20 метри

По фантастичниот погодок на Никола Ѓорѓев против Србија, фудбалерите на Боби Милевски уште еднаш ги демонстрираа своите голгетерски квалитети од далечина. Овој пат има соло акција и голчиште на Енис Барди во првото полувреме против Португалија.

Каква е таа левица дете златно?

Какви и да паднат голови на преостанатите средби од Европското младинско првенство во Полска, веќе го добивме најсериозниот кандидат за ремек дело на шампионатот. Запознајте го Брума, крилото на Португалија кој пред две недели направи трансфер од Галатасарај во Лајпциг за 12,5 милиони евра. Упати бомбастичен волеј.

Реми и бод за нашите јунаци, Македонија останува во игра

Во второто коло од групата Б на Европското првенство Македонија ремизираше 2-2 со Србија. Нашите момци направија пресврт 1-2, но Србија извади бод во 90’ минута.

Македонија играше фудбал, Шпанија се надава голови

Младата репрезентација на Македонија одигра храбро и убаво за око на дебитантскиот настап на Европско првенство, но противникот ги искористи сите шанси и славеше убедливо. Имавме преку 20 шута кон противничкиот гол, но не го постигнавме историскиот прв погодок.

Како се освојуваше пехарот на Евро У-21

Сите освојувачи на Европското за играчи до 21 година од 1996 на едно место. Им држиме среќа и ги бодриме нашите фудбалери да направат ново чудо.

Франција има играч три пати поскап од Македонија, ама ЕП ќе гледа од дома

Ако ја споредиме вредноста на селекциите во нашата квалификациска група за Европското во Полска, изненадување е што македонската е втора најскапа репрезентација. Французите може да не купат со се партали, ама не може да ни го одземат тимскиот дух со кој ги покоривме сите.

Најава за ЕП со момците од У21

И следно лето ќе гледаме Европско, овој пат од 16 до 30 јуни за младинци, а меѓу најдобрите 12-те европски селекции ќе биде Македонија. Да не му се верува на човек кога ќе помисли, ама вистина е, први сме во група со 21 бод и само еден пораз. Момците изиграа феноменално.

Што ги чека младите фудбалери на Европското?

Репрезентацијата на Македонија У21 како ретко кој спортски колектив ја израдува земјава. Импресиите за маестралните настапи на дечките уште не стивнуваат, а допрва ќе исчекуваме против кој ќе играат на Европското првенство.