Ако за четвртото место на Европско првенство во кошарка и петто во ракомет долго ќе се сеќаваме на оние легендарни снимки од плоштад каде кошаркарите и ракометарите беа пречекани како херои, од фудбалската историја на прво место ќе бидат овие видеа. Почнаа со шампањско на терен, продолжија со песна и ора во прес центарот, па во хотел и до тука знаеме.