Најдобриот тенисер во светот одигра 5 меча на УС Опен со вкупно времетраење од само 6 часа и 26 минути, време кое се случувало да трае на еден маратонски меч кога се среќавале Ѓоковиќ, Надал и Федерер.
Ѓоковиќ на овој Гренд слем не се испоти многу и до полуфинале стигна на следниов начин. Во прво коло го одигра до сега најдолгиот меч на ова првенство од 2 часа и 37 минути, а го победи Јиржи Јановиќ. Второто коло не го ни почна бидејќи Јиржи Весели се предаде.
На третиот меч Михаил Јужњи издржа само половина час и потоа го предаде мечот, Кајл Едмунд во 16 финале му пружаше отпор час и 55 минути, а Цонга во четвртфинале се откажа после два сета односно час и 23 минути.
Србинот со ова темпо е поодморен бидејќи одигра само два целосни меча и за пласман во финале каде ќе брка трет трофеј на УС Опен, ќе треба да го мине Монфис кој сите 5 кола ги мина без загубен сет.