Тениски меч на денот

Ако организациите кои се борат против местенки немаат доволно работа нека го анализираат тенискиот меч меѓу Бенџамин Тулу од Франција и Фабијан Томас од Чешка. Зошто? Гостинов не освоил ниту еден поен.

Се работи за тенискиот Фјучрс турнир во францускиот град Бажнер Де-Бижор на кој Тулу го победил Томас 2:0 во сетови (6:0, 6:0) и до тука нема ништо спорно. Но тоа што е чудно на мечот, е што Чехот ги загубил сите 48 поени што е реткост од невидени размери во овој спорт.

Поразениот Томас Фабијан важи за најинтересниот авантурст во тенисот.  Има 55 години, а кариерата ја почнал лани. До сега има настапено на четири квалификациски турнири и нема победено ниту еден меч, но ова е прв пат да не успее да освои барем поен.

Бенџамин Тулу има 26 години и два турнири повеќе од него, а дуелот со човекот кој е двојно постар од него успеал да го добие за 24 минути.

7 септември 2016 - 15:53