Двете екипи од Манчестер летово беа во центарот на вниманието и трошеа многу пари за да ги задоволат барањата на двајцата елитни тренери кои ривалството од Шпанија за прв ќе го пренесат во Англија.
Во тимот на Пеп Гвардиола дојдоа Џон Стоунс, Лерон Сејн, Илкај Гундоган, Габриел Хезус и Нолито, петорка вредна вкупно 168 милиони фунти.
Се трошеа пари и за желбите на Жозе Мурињо кој за сума од 145 милиони евра ги доби Пол Погба, Хенрик Миктаријан и Ерик Баји, а за доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ ќе се трошат многу пари за плата.
Ова се стартните можни 11 кај двете екипи со кои дербито ќе чини над 600 милиони фунти:
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД:
Де Хеа – 17 милиони фунти
Валенсија – 16
Баји – 30
Блинд 14
Шо – 27
Погба 89
Фелаини 27,5
Мата – 37,1
Руни – 30
Мартиал - 36,3
Ибрахимовиќ – слободен агент
Вкупно: 323,9 милиони фунти
МАНЧЕСТЕР СИТИ:
Браво - 13.75 милиони фунти
Забалета - 6,5
Стоунс - 47.5
Отаменди - 32
Клиши - 7 милиони
Фернандињо - 30
Стерлинг - 44
Де Брујне - 54.8
Силва - 25
Нолито - 13.8
Ихеаначо - 0.25
Вкупно: 274.6 милиони фунти