Во просторијата има 15 машини кои работат со полна пареа, полици полни со тениски рекети од сите страни, мирис на боја и компјутери кои водат сметка за рекетите.
Се работи за местото во Вилсон центарот каде влегуваат стотици тенисери кои ги затегнуваат рекетите. Работата бара голема спремност и прецизност, а времето е многу драгоцено. Периодов работат турбо или поточно од 29 август кога стартуваше УС Опен.
Обично се работи од 7 наутро, а кога има многу работа како сега, се работи до полноќ. Во овој центар влегуваат сите тенисери со исклучок на Ѓоковиќ и Федерер кои ракетите ги затегнуваат на друго место.
За време на турнирот се назначуваат одредени техничари за одредени тенисери кои треба да научат што точно бара тенисерот од него. Затегнувањето на рекетот трае околу 20 до 25 минути, но ако некој има зорт со време работата може да се заврши и за 18 минути. Тоа се случува ако на некој тенисер рекетот му треба во текот на мечот.
Момците кои работат со рекетите објаснуваат дека главната работа е во затегнувањето на жиците на рекетот. Некои играчи го менуваат нивото на затегнатост во зависност од временските прилики или подлогата, а Надал на пример никогаш не менува без разлика каков е теренот.
Тенисерите знаат да бидат и суеверни и да имаат необични барања како на пример логото да се нацрта на погрешната страна на рекетот.