Offside

Подарокот го врачи капитенот на Вардар, Васил Гогов, во пресрет на 13 Ноември — Денот на ослободувањето на Скопје, со што овој спортски реквизит станува дел од музејската историја поврзана со градот и клубот.

Како навивачите на Тотенхем се простија од својот храм

Премиерлигашкиот меч Тотенхем - Манчестер Јунајтед беше последен во историјата на стадионот „Вајт Харт Лејн“. 36-илјадниот храм на „Мамузите“ отворен во 1899. година, годинава ќе биде срушен.

Што се случува кога Роналдо ќе седне на чај

Се викаш Кристијано Роналдо и ти текнува со другар да се видиш на чај или кафе во некој бар. Не, нема повеќе да се сретнете таму, следниот пат ќе го викнеш или ќе му одиш на гости, затоа што чајот нема ни да го пробаш.

Роналдињо без топка и финта со тело

Во Бахреин ФИФА ги собрала некои од најголемите ѕвезди во фудбалот со цел да одиграат некој ревијален дуел од хуманитарен карактер. А таму Роналдињо...

Контроверзниот гол на Начо од Реал Мадрид

Реал е под страшен притисок од Барселона така што секој бод злато му вреди. Така беше и синоќа против Севиља каде тимот од „Сантиаго Бернабеу“ поведе 1:0 после голот на Начо од слободен додека живиот ѕид не беше наместен. Голот е регуларен, но од аспект на фер-плеј не е коректен.

Мбапе има да ви каже нешто

Кој ќе го купи детево, само ќе се усреќи. Сезонава е најголем хит меѓу тинејџерите во Европа, а неговиот Монако е се поблиску до освојувањето на титулата во Франција. Килиан Мбапе во улогата ајде по бурек и цигари и тоа на 18 години.

Најтензичното чекање на Скудетото

Ако треба да се избере еден драматичен крај од долгата традиција на италијанскиот фудбал, тоа сигурно е битката за Скудетото кое се водеше на 14 мај 2000-та. Навивачите на Јувентус и Лацио останаа без нерви. Маратонскиот меч во Перуџа го раскажува нивниот стратег Карло Мацоне.

Прекрасната кореографија на УГЕ Шалке

На мечот против Хамбургер во Бундеслигата, преку 50.000 навивачи на Шалке кои се во братски однос со скопските Комити, направија фантастична кореографија на денот на кој пред 20 години го освоија Купот на УЕФА. На крајот соопштија дека целата кореографија чинела 119.991 евра (исклучително од донации на навивачите, без учество на управата на клубот)

Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola донираат паркиралишта за велосипеди на Градот Скопје

Основната цел на проектот е промоција на физичките, спортски и рекреативни активности, но и грижа за животната средина и намалување на сообраќајниот метеж во градот.

Болт и Пандев со коментар на Калински

4.469 луѓе досега се потпишаа на петицијата во која се бара кралот на спортското коментаторство да го коментира финалето од ЛШ во Кардиф. Финалето на 3 јуни без него нема да биде финале. Кус и убав пресек со гласот на Калински и неколку факти за него.

Боемот меѓу тренерите - Зденек Земан

Да бидеш еден од најценетите тренери во Италија а да не си „нивен“ значи само едно: Да се викаш Зденек Земан, човекот кој правеше чуда со Фоџа во ’90-те години, а ги тренираше и римските гиганти.

Срцето на Марта чука 101 година за Вердер Бремен

Родена е во 1916-та и е само 17 години помлада од клубот кој и е на прво место во животот. Баба Марта е закон, таа не зборува за пензија или плетење, туку вели: Треба да се вратиме во Европа.

Пред 4 години на Олд Трафорд се случи ова

На 12 мај 2013-та година докторот за фудбал по име Сер Алекс Фергусон за последен пат стапна на Олд Трафорд како тренер. Си замина по одиграни 1.500 натпревари и освоени 38 трофеи. Последниот поздрав до него беше организаиран на спектакуларен начин. Не се раѓа негов наследник во наредни 100 години. Ова се моменти за ежење.

Новиот стадион на Атлетико за 67.000 гледачи

Дуелот со Реал во полуфиналето на Лигата на шампионите беше последен европски меч на „Висенте Калдерон“. Атлетико Мадрид од август ќе игра на својот нов ултра-модерен стадион.

Зошто е добро да бидеш Балотели, Тевез или Швајнштајгер

Колку и да зборуваме дека Балотели е малоумен, Тевез лаком и Швајнштајгер лабав што не седеше на клупа во Јунајтед, на крајот на денот овие тројца фудбалери ќе држат широка насмевка како Џулија Робертс и ич нема да им чуе што мислат другите за нив.

Што прави и каде е Игор Митрески?

Некогашниот македонски репрезентативец којшто се прослави со игрите за Спартак Москва во Лигата на шампионите денес е фудбалски фриленсер, слободен работник кој на Спартак Москва за во Лигата на шампионите ѝ нуди талентиран фудбалер од Вардар.

Осврт на 21. коло од Бизнис Лигата на Македонија

Александар Божиков со 7 гола е најдобар стрелец во 21. коло од Бизнис лигата на Македонија, а за екипа на колото е прогласена ЕЛЕМ.

Ретко виден глупак за кој е малку и црвен картон

Видеово е старо, ама ако не сте го гледате морате плеј, за да видите до каде оди налудничавоста на правење театар се со една цел, некако да се стопира играта за да не се прими гол. Сите ќе умреме друже, ама не сега и тука, дај стани и не изведувај циркуз, ова ти е скроз забеган потег.

Навивачите на Ајакс со Боб Марли и во Лион

Фантастичната сезона на нивните клинци, кои направија чудо со пласманот во финалето од Лига Европа, навивачите на Ајакс ја бележат со песната Three little birds од Боб Марли. Каде и да гостуваше Ајакс, секаде ја пееја, па така беше и синоќа на дождливите улици на Лион каде еден уличен свирач се наполни со парички.

Преправен Пакистанец го изненади Роберто Карлос во студио

Го викнале Карлос во некоја емисија во Пакистан организирана од Пепси. Во студиото водители и публика домаќини Пакистанци, а Роберто треба да жонглира со уште некој гостин по изглед и облека како Пакистанец.

ЕЛЕМ со одлично второ полувреме до победа над Лукоил

Само екипата на ЕЛЕМ успеа да излезе како победник во третиот ден од 21. коло во Бизнис лигата на Македонија. Другите две средби завршија без победник.

Серхио Ромеро - Најдобриот резервен голман на светот

Не се жали што има помала минутажа од Де Хеа за кого вели дека е фантастичен голман. Му беше криво кога менторот Ван Гал кој го донесе во Манчестер замина, но кај Мурињо добива шанса да брани во Лига Европа.

Вака така Мурињо може да му донесе три трофеи на Јунајтед

Жозе Мурињо е еден од оние тренери кои или го сакаш или го мразиш. Како стојат работиве навивачите на Манчестер Јунајтед има ептен да го засакаат, само ќе треба уште да почекаат што ќе се случи на 24 мај.