Најтензичното чекање на Скудетото

Ако треба да се избере еден драматичен крај од долгата традиција на италијанскиот фудбал, тоа сигурно е битката за Скудетото кое се водеше на 14 мај 2000-та. Навивачите на Јувентус и Лацио останаа без нерви. Маратонскиот меч во Перуџа го раскажува нивниот стратег Карло Мацоне.

Сакав само во голем стил да го одиграме финалето од шампионатот со Перуџа бидејќи чувствував дека наскоро ќе си заминам од таа клупа без разлика на одличните односи со претседателот Гаучи.
Така се подготвувавме за мечот Перуџа - Јувентус, последниот меч од сезоната, клучен за Скудетото. Со победа Јувентус ќе беше шампион, а на Лацио му требаа три бода против Реџина и пораз на Јувентус, комплетно непредвидлив.
Ги викнав играчите на разговор: Момци баталете ги сите муабети. Јас не сум навикнат да правам остапки, а тоа од секогаш било правило во мојот живот. Никогаш не сум барал нешто од некој и обратно. Фудбалот треба да биде чист, тоа да го запаметите. Значи знаете што ќе направиме во недела?
Ќе излеземе на терен и ќе го дадеме најдоброто од себе. Не сакам да му помагаме на Лацио кој може да има корист од нашата победа и не сакам да му помагаме на Јувентус кои се фаворизирани. Не ме интересира ниту Јувентус, ниту Лацио. Додека сум тука тренер, ме интересира само Перуџа, јасно? Крај на муабетот. И ве молам не зборувајте многу по весници. 
Кога го сретнав претседателот Гаучи ден пред натпревар го прашав: Претседателе вие што сакате?
 
Сакам победа. Епа тогаш двајцата тоа го сакаме.
А формацијата ја одредивте? Аморузо ќе игра?

Никола Аморузо беше напаѓач кој токму Јувентус нѝ го даде на позајмица на една година, до 30 јуни 2000-та. Зошто ме прашувате за Аморузо, го прашав Гаучи, штом е првотимец тогаш ќе игра.
Но тој е играч на Јувентус, сигурни ли сме дека...Потоа го повикав Аморузо и ги оставив на само со Гаучи, а потоа дојдоа двајцата кај мене и го прашав Аморусо што му одговорил на претседателот.
Му одговорив дека сакам да играм и ако можам ќе дадам гол.
Браво, ти утре ќе играш. Му се свртев на Гаучи и го прашав дали сега е задоволен, а тој ми одговори „да“.
Во мојата кариера секогаш гарантирав максимална ангажираност на сите играчи кои сум ги тренирал. Така стигнавме до недела, 14 мај 2000-та. 15:00 часот, стадиот Ренато Кури, Перуџа - Јувентус. Судија: Пјерлуиџи Колина.

Небото стана црно, ридовите потопени, камбаните исчезнати. Молња, гром, малку светло и потоа дожд, исто како на филм. Беше 15:20, а на Ренато Кури сцената беше нереална, темна и вознемирувачка. Врнеше и целиот дожд на регионот Умбрија се истури внатре на стадионот на Скудетото, а со тоа доаѓаа и студени морници.
 
Скудетото? Лацио води во Рим, радијата фрчат. Првото полувреме од мечот во Перуџа заврши без голови. На полувреме се случи апокалипска. Паѓаа огромни капки, а фоторепортерите како засолниште ги искористија клупите на двајцата тренери по име Карло, Мацоне и Анчелоти. Стојат и се тресат, но никој не излегува од тунел.
Кога заминавме во соблекувалните играчите беа преплавени со дожд. Имаше голема збрка, сите зборуваа гласно. Хаос. Никогаш во мојата долга кариера не сум доживеал таква ситуација. На граница на неверојатна. Но како стар професионалец, веднаш реагирав за да ги доведам во ред моите играчи:

Прво веднаш удрете по еден топол туш и преслечете се од глава до петици. Сè на вас да виде суво. Потоа ги викнав физиотерапевтите и им реков да ги измасираат играчите. Потоа им реков да ги загреваат мускулите. Ако решат да се игра, ќе играме, ако не ништо и ќе ве пуштам дома.
Остануваат уште 45 минути од нашето големо првенство и мораме да го испочитуваме. Не знам што се случува во меѓувреме во соблекувалната на Јувентус и сигурно тензијата таму е поголема. Јасна ми беше грижата на мојот колега и пријател Карло Анчелоти.
Постојано доаѓаа вести, едните дека мечот ќе се прекине и ќе се преигра во вторник или среда, а другите дека играта ќе продолжи. Јас постојано им зборував на моите играчи: Мислете на забава ве молам, играјте за себе и публиката и испочитувајте го мечот.

16:10, надвор невреме, а на трибините празно. Тревникот изгледаше како вештачко езеро на кое се мешаа бои. Колина стоеше во тунелот, а во Јувентус сметаа дека натпреварот во тие услови би бил нерегуларен.
Лучано Моџи ми е пријател, тоа го кажувам јавно. Кога ќе каже некој дека е пријател со Моџи, секогаш има некој кој се сомнева и кој се смешка мислејќи на нешто. Со Лучано отсекогаш сум имал одличен однос уште од времето кога работевме во Рома.
Таа недела во Перуџа кога Јуве го загуби Скудетото кое мислеше дека веќе го имаа освоено, ми беше жал пред сè за Анчелоти. Ние си ја завршивме нашата должност, а тие погрешија многу, промашија море од голови. Немам никаков вид на вина, во спортот победува кој заслужува повеќе или кој прави помалку грешки.

Инаку надвор продолжи да врне и тоа посилно. Не стануваше збор да се игра. Колина ме праша: Мацоне, вие што велите сакате да играте на овие услови? Јас му реков: Која и одлука да ја донесете, за мене е ок. Ние немаме никаков интерес, сакаме само професионално да си ја завршиме задачата, како ќе кажете така.
Што да се прави? Во 16:50 Колина се појави со чадор, а топката не тапкаше. Од трибина се слуша „Оле“, а на терен излегоа и двајцата капитени. Конте со јакна, а Оливе во дрес, знак кој можеби кажуваше дека првиот не сака да се доигра мечот, за разлика од вториот.
По задоцнување од 70 минути Колина повторно се појави на терен, овој пат без чадор и повторно со топка в раце за да види како се движи на тревата. Иако во Јувентус се противеа, во 17:13 играта продолжи. Коњаникот на апокалипската се вика Алесандро Калори. Има тешки нозе, но шутна од 15 метри, а топката влезе во гол од дефанзивец кој во кариерата има постигнати помалку голови од прстите на раката.

Седев на клупата и аплаудирав затоа што Перуџа беше во водство. Тоа беше моја нормална реакција, каква што секогаш ја имам кога водиме. Во тој момент си реков: Драг Карло сега треба да видиме како да ги одбраниме овие 1:0 против еден голем клуб кој игра толку важен меч. Мојот водечки принцип беше ист, не сакав никого да фаворизирам, никото. Ако во тој момент се водев од чувствата, што ќе си одговорев на прашањето:
Ти кој што си навивач на Рома, кој со тој клуб дебитираше во Серија А не сфаќаш дека му помагаш токму на Лацио, на најголемите ривали?
Успеавме да го одбраниме голот на Калори и да ја одбраниме нашата победа почитувајќи го мечот до крајот. Јувентус не успеа, а ние славевме во соблекувална за нашата прекрасна сезона со почит кон губитниците кои плачеа во другата соблекувална. Го загубија Скудетото.

Го сретнав Анчелоти, а тој мене ми честиташе. Го погледнав во очи и му реков: Ова да не е шега некоја? Се насмеа и со тоа ми покажа дека честитките се искрени. Не успеав да се воздржам од почит кон поразениот колега, на кој тоа попладне му пропадна светот. Го прегрнав и му реков:
Карло, Господ да ти помогне и да ти ги даде сите успеси кои ги заслужуваш и како тренер и како човек. Мислам дека тие успеси Карло ги имаше и во Италија и во странство. Анчелоти е еден од колегите кои ги ценам многу, не само затоа што е добар тренер, туку и како човек. Тој никогаш не кажува лаги, лојален е и е господин во фудбалот.
Откако го поздравив Анчелоти влегов во соблекувална и исцрпен од тоа тешко попладне кое траеше три часа, удрив еден долг топол туш. Ми беше жал за Јувентус, ја сфатив нивната драма бидејќи требаше да му кажат збогум на Скудетото, а ние одигравме малку.
Но тоа “малку“ беше всушност многу, беше нашата искреност, нашата лојалност, нашата професионалност. Се потрудив бидејќи тоа беше мојот последен меч во Перуџа пред да си заминам. Гаучи ме прегрна и ми се заблагодари. Потоа бев да ги поздравам моите играчи, еден по еден. Им честитав не еднаш, туку три пати бидејќи покажавме дека сме професионалци.
 
Дел Пјеро беше нервозен, Инѕаги промаши гол во свој стил, а Ѕамброта плачеше. Тоа беше маратонски меч од три часа, можеби најдолгиот во историјата.

14 мај 2017 - 11:35