Дуелот со Реал во полуфиналето на Лигата на шампионите беше последен европски меч на „Висенте Калдерон“. Атлетико Мадрид од август ќе игра на својот нов ултра-модерен стадион.
Новиот стадион „Ванда Метрополитано“ е предвиден за 67.703 гледачи. Го чинел клубот 240 милиони евра. На местото на легендарниот „Висенте Калдерон“ кој ќе биде срушен ќе се изгради Парк на Атлетико Мадрид.