ЕЛЕМ со одлично второ полувреме до победа над Лукоил

Само екипата на ЕЛЕМ успеа да излезе како победник во третиот ден од 21. коло во Бизнис лигата на Македонија. Другите две средби завршија без победник.

ЕЛЕМ со одлично второ полувреме до победа над Лукоил
ЕЛЕМ 5-1(1-1) Лукоил
ЕЛЕМ: Димче Димитријески 7’Ристо Стефановски 26’ Синиша Ковачевиќ 31’ Влатко Петровски 36’ Антонио Ничевски 37’
Лукоил: Жарко Климкаров 13’

Екипите на Лукоил и ЕЛЕМ во првото полувреме играа доста цврста одбрана и крајно контролиран напад кој на натпреварот му даде нота на финален дуел. Во текот на целото прво полувреме се играше крајно израмнето на двете страни. Ниту една од двете екипи не успеа да стекне позначителна предност. И на двете страни по еднаш се затресе мрежата па на полувремето се отиде со израмнет резултат од 1-1. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ пред се со одлична реализација успеа да направи исчекор и стекне резултатска предност која Лукоил не можеше да ја надокнади па на крајот од овој натпреват ЕЛЕМ славеше со високи 5-1.

Во инфаркт завршница Систина и Трансмет ги поделија бодовите
Систина5-5(1-1) Трансмет
Систина: Ѓорѓи Иванов 12’ 28’ 39’ Кристијан Димковски 22’ 40’
Трансмет: Енес Исаки 7’ 38’ Живко Стојкоски 27’ Бобан Велјановски 31’37’

Крајно неизвесно прво полувреме одиграа екипите на Систина и Трансмет. Во текот на целото прво полувреме се играше доста динамичен фудбал во кој и двете екипи доаѓаа до изгледни шанси за гол. Иако се играше отворен фудбал голманите на двете страни беа на ниво на задачата па на полувремето се отиде со нерешен резултат од 1-1. Во второто полувреме екипата на Трансмет успеа да го искористи играчот плус и стекне предност преку одлична игра во нападот од 5-3, но Систина покажа цврст карактер и желба да се бори до последната минута па во ваквата борбена и мотивирана игра успеа на крајот да го израмни резултатот на конечни 5-5.

Фабрика Карпош и Адмирал одиграа реми
Фабрика Карпош 8-8(4-3) Адмирал
Фабрика Карпош: Љупчо Петрушевски 6’ Александар Божиков 7’ 9’ 13’ 29’ 37’ 38’ 39’
Адмирал: Ненад Лазаревски 5’ 26’ Александар Лазаревски 10’ 21’ Јован Качевски 17’ Стефан Серафимовски 24’ Албрим Шакири 27’ Стојан Аврамоски 31’

Во првото полувреме екипата на Фабрика Карпош имаше одлична постава во делот на нападот каде преку контра напади успеваше да дојде до отворени шутеви за гол и ги реализираше. Екипата на Адмирал беше на чекор до нив и играјќи агресивна игра успеваше да е во резултатски приклучок во текот на целото полувреме иако Фабрика Карпош отиде на полувремето со минимална предност од 4-3. Во второто полувреме во второто полувреме екипата на Адмирал успеа да направи целосен пресврт и дојде до водство. Фабрика Карпош со максимално мотивирана игра успеа да ја анулира предноста и на крајот да стигнат до израмнет резултат од 8-8.

12 мај 2017 - 10:50