Тотенхем го победи Манчестер Јунајтед 2-1, а победничкиот гол го даде Хари Кејн. Последната сезона на „Вајт Харт Лејн“ завршува без домашен пораз на екипата која до крај се бореше за титулата и лани и сезонава.
После мечот се одржа проштелна церемонија на која навивачите, играчите и стручниот штаб на Тотенхем се простија со стариот стадион.
Беше легендарниот напаѓач на Тотенхем, Мартин Чиверс
А беше и Димитар Бербатов, еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Тотенхем:
Во еден момент навивачите не издржаа и влетаа во терен, традиционална карактеристика за навивачите на Островот во финишот од сезоната
Многумина за спомен собираа бусен од тревникот
Имаше и такви кои плачеа по местото на кое ги доживеале најубавите моменти со клубот
Новата арена на Тотенхем ќе биде изградена на новото место. Следната сезона Спарси ќе играат на „Вембли“ каде сезонава играа натпревари од Лигата на шампионите, Лига Европа и Купот на Англија.
Од сезоната 2018-2019 екипата планира да стартува на новиот модерен стадион.
„Бајката Вајт Харт Лејн“
They're not wasting any time at White Hart Lane... #THFC #TheLaneTheFinale pic.twitter.com/Sf5bMdpvaV
— BBC Sport (@BBCSport) May 15, 2017