Вие никогаш нема да бидете прв голман на Баерн додека е жив Мануел Ноер. Никогаш нема да избегнете споредби со Икер па дури и да сте голман на Реал. Никогаш нема да станете голман на Јуве затоа што Буфон е бесмртен.
Долго време сево ова важеше и за Манчестер Јунајтед, но таму се случи смена на парадигмата - Де Хеа докажа дека има живот и после Ван дер Сар.
Кога Давид седел на куферите и бирал дом во Мадрид (преминот во Реал б ше речиси готов), трансферот на Ромеро во Јунајтед изгледаше повеќе отколку оправдан. Кај Ван Гал, Серхио бранеше сигурно против Тотенхем и Њукасл таа сезона и добро ја покри проблематичната позиција.
„Стапот и морковот“ вродија со плод - ДДХ потпиша нов договор и се врати во првиот тим. На аргентинскиот голман заборавија сите, но тоа не го исплаши Ромеро.
Една од причините зошто Аргентинецот не ја напушти Англија беше Ван Гал - голманот со него работеше во АЗ Алкмар претходно. Имале добар однос, а иако Ван Гал не му давал никакви ветувања, Ромеро ја користел секоја добиена шанса. Заминувањето на Луј од Манчестер означи тешко време за сите фудбалери кои тој ги донесе во екипата. Но за среќа за репрезентативниот голман на Аргентина, новиот тренер Жозе Мурињо и покрај репресивноста, почесто ги ротира голманите отколку што Инзаги спиеше во офсајд.
Голманот роден на 22. февруари 1987-ма во местото Бернардо де Иригоен во Аргентина никогаш не носи розеви наочари, не прави циркус и никогаш не бил во облаците. Во меѓувреме Ромеро покажува и цврст карактер затоа што никогаш не цмиздри дека малку време добива.
Лига Куп? - Прекрасно. Лига Европа? - Уште подобро. Мурињо ги ротира двајцата голмани и Ромеро сезонава се изнабрани во Лига Купот на Англија и во Лига Европа, едниот Јунајтед го освои а за другиот ќе игра наскоро.
На крајот, Ромеро е најдобриот резервен голман на светот. Сезонава бранел дури 2.230 минути и е далеку пред Кико Касиља од Реал со 1.790 или Јаспер Силесен од Барса со 1.396 минути. Статистиката на Ромеро е сосема добра. За две сезони тој бил стартер 24 пати на кои 16 не примил гол.
На 24. мај Манчестер мора да го победи Ајакс ако сака да игра во Лигата на шампионите. Ако тоа се случи, сите ќе зборуваат за Жозе, за Пол Погба, за повредениот Златан, но не и за Серхио Ромер. Никој нема да се сети како Аргентинецот бранеше против Селта Виго и против Ростов. Никој нема да се сеќава на зицерите кои му ги фати на Дирк Кајт.
На Јутјуб има стотина видеа со негови одбрани, но голема гледаност имаат само десетина. Во интервјуата Ромеро никогаш не разговара за трофеи или за автомобили. Зборува за тренинзите и за тоа зошто Де Хеа е сјаен другар и страшен голман. Ромеро никогаш не се жали на недостиг од минутажа. Просто тренира и тивко работи за екипата.