Дејли Мејл објави извадоци од Книгата The Dirty Business of Footbal поврзани со заработката на некои фудбалери кои покрај од играњето фудбал постојат и други начини како да млатат милиони.
МАРИО БАЛОТЕЛИ
Исплата на бонуси обично се дели кога клубот ќе освои некој трофеј, но тоа не важи за Марио Балотели во чиј договор со Ливерпул беше вклучена клаузула дека ќе земе милион фунти, пазете милион фунти во случај да не добие три црвени картони во една сезона.
„Ако во текот на сезоната додека трае договорот играчот не е избркан од терен три пати поради насилно однесување, плукање, користење навредливи зборови и гестикулирање со кое покажува несогласување, тогаш на 30 јуни на крајот од секоја сезона ќе добива бонус од милион фунти“.
Значи Балотели ако останеше 5 сезони во Ливерпул и добиваше до два црвени картони по сезона, покрај платата ќе си заминеше со плус 5 милиони фунти.
КАРЛОЗ ТЕВЕЗ
Аргентинскиот напаѓач ја скрши бариерата од 200.000 фунти неделна заработка во Премиер лигата кога во 2009-та стана играч на Манчестер Сити. Но тие пари се ништо во споредба со оние 634.615 фунти неделно кои ги заработува во Шангај Шенхуа. Да беше само тоа.
Сметката може да му рипне и во овие случаи. Ќе добие 788.000 фунти ако одигра 70% од натпреварите, 390.000 фунти ако освои Куп, 390.000 фунти ако стане најдобар стрелец и 1,5 милиони фунти ако ја освои Лигата на шампиони во Азија.
Кога сме кај Кина да издвоиме уште некои. Неделната плата на Дрогба изнесува 507.692 фунти, а на Оскар 548.000 фунти. Тевез не е најплатен фудбалер во светот. На Лавеци му даваат 798.000 фунти неделно.
БАСТИЈАН ШВАЈНТАЈГЕР
Ако се прашувате зошто Германецот лабаво си ставаше слики на Твитер, насмеан и задоволен кога Мурињо го држеше на клупа, ќе ви покаже неговиот договор.
Неговата годишна плата на Олд Трафорд изнесуваше 7,5 милиони фунти и за 2.101 минута во Јунајтед заработи 12,5 милиони фунти или 5.963 фунти во минута. Тоа се дечки 114.617 денари за една минута на терен, јасно?
АДИДАС
Во книгата пишува и за други доста профитабилни зделки, па така на пример Давид Де Хеа од Адидас добива 420.000 фунти неделно, а Хуан Мата 535.000. За споредба судењето на Меси за затајувањето на данок се однесува на добиени 3,4 милиони фунти во периодот од 2007-ма до 2009-та.