Offside

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура продолжува да ги поместува границите на невозможното во светскиот фудбал. Кога дебитирал, Лео Меси уште не бил роден.

Јужна трибина поделена со навивачи на Фенербахче и Вардар

Поради конфузноста околу картите и прашањето чии навивачи каде ќе седат, голем дел навивачи на Фенербахче веќе купувале карти и за Јужна трибина а за таму набавувале и Вардарци.

Испукан е топ во втора словачка лига

Заборавете на Роберто Карлос и Хулк. Ваков топовски удар не сте виделе до сега. Цела клупа се стрча накај играчот како да освоиле Светско првенство. Чекаме официјални резултати за брзината со која леташе топката. Ма каков Буфон, какви бакрачи, во случајов џабе е кој и да ставиш меѓу стативите.

Ибраими: Шкендија претставува симбол на сите албански територии

Реноминарниот италијански весник Кориере дела Сера во пресрет на утрешниот меч од плејофот во ЛЕ, на интервју го седна Бесарт Ибраими кој го претстави како најголема опасност за Милан. Тој вели дека не се плаши од никој и дека сите Албанци во светот навиваат за Шкендија.

Чешкото првенство никогаш не било интересно како сега

Во чешката лига отсекогаш играа млади чешки фудбалери, постари пред крај на кариерата, многу Словаци, по некој Србин и Хрват како и некој играч од Африка. Но работите денес се многу сменети на популаризација на чешкиот фудбал.

Како бејзбол навивачи се рехабилитираат после пораз

Њујорк Јенкис загуби 3:2 од Бостон Ред Сокс. И тука го завршуваме нашиот муабет за бејзбол, кој колку што важи за популарен спорт во САД, толку е непопуларен на нашиве простори. Ај маче накај дома со метро, никој не нè гледа, ниту “снима“.

Најчудните 15 стадиони во светот

Дел се стадиони, а дел повеќе личат само на терени. На оние во Токио и Мексико веројатно не даваат да се шутира јако, бидејќи топката нема да ја најдат, во Гватемала седат на брдо како во 19-ти век, а на стадионот во Осака може и да се живее.

Стартува да суди единствената жена судија во топ лигите

Германката Бибиана Штајнхаус ќе стане првиот женски судија во Европските топ лиги а во тоа многу ѝ помогна искуството што го имаше на мечот на Баерн Минхен пред неколку дена. Судела преку 80 меча во втората лига.

Најпознатото скандирање во историјата на мак фудбалот

Снимката е бајата 22 години, ама песната е скроз култна и незаборавена, па некој знае да ја потпевне и во денешно време. ФФМ и со таа и со сегашната гарнитура имаше/има луѓе што не ја сакаат. Ова е пријателска средба меѓу Вардар и Црвена Звезда, а негодувањата се однесуваат на забраната за гостување на навивачите. Тука нема вреѓање, ќе се пее таа уште 100 години. Три за позор, четири:

Илчо Наумоски против Седлоски на Фејсбук

Доаѓаат од ист град, играа заедно во репрезентацијата, играа заедно во Матерсбург, а тиквата се чини пукна некаде при престојот на двајцата во Вардар кога го прекинаа долгогодишното пријателство.

Шкендија со фотки и видео го овековечи пристигнувањето во Милано

По елиминацијата на Дачија, Хелсинки и Тракаи, македонскиот вицешампион пристигна во италијанската метропола каде преку седумкратниот европски првак Милан, ќе се обиде да стигне до историски пласман во групната фаза од Лига Европа

Најголемиот мотиватор на Мурињо

На 25 јуни ова лето, Жозе Мурињо го загуби својот татко кој почина на 79 годишна возраст. Се работеше за одличен голман и доста ценет тренер во Португалија. Тоа е човекот кој му ја дал првата и најголема поддршка на итриот Мурињо за да стане тоа што е денес.

20 интересни трансфери кои светот не ги запази

Толку многу се зборуваше за Нејмар што останатите трансфери на познатите и добри играчи останаа во втор план. 

Глупоштијата од видео на Шкендија пред мечот со Милан

Таман кога почнуваат да ги освојуваат симпатиите на јавноста, кога играат добар фудбал и во Европа втора година стигнуваат дури до плејофот, таман кога имаат неколку врвни репрезентативци, они решаваат да направат видео на ниво на четвртоодделенец. Зошто?

Папагалот што пее песни за Динамо

Или газдата го дресирал вака, или самиот папагал гледал фудбалски преноси на хрватскиот претставник во Лига Европа - Динамо Загреб.

Братска радост на Лукаку за голот во 93-та против Јуве

Неделата за Ромелу Лукаку беше славеничка од две причини. Прво дебитираше за Манчестер Јунајтед во првото коло од Премиер лигата со два гола против Вест Хем, а вечерта уживаше кога брат му Џордан му го испи мозокот на Де Шиљо и му ја даде на танца на младиот Мурџа за конечни 3:2 на дуелот меѓу Лацио и Јувентус и трофеј во Супер Купот на Италија.

Навивачите го избраа најубавиот гол во историјата на Премиер лига

По повод јубилејните 25 години од формирањето на Премиер лигата, БиБиСи направи анкета меѓу фановите и за гол број 1 е изгласано ремек делото на холандската легенда Денис Бергкамп против Њукасл кое никој не успеа да го повтори.

Нов земјотрес во Вардар, Гоце Седлоски поднесе оставка

На два дена пред историскиот меч со Фенербахче за пласман во групната фаза од Лига Европа, шефот на стручниот штаб на ФК Вардар соопшти дека се повлекува од кормилото на македонскиот шампион.

Дојде и тој ден кинески клуб да заработи од трансфер

Долго време не сме слушнале некој кинески фудбалски клуб да се расфрла со пари како што се расфрлаше лани, а од друга страна Гвангжу Евергранд заработи цели 26 милиони евра од продажба на играч. Да, од продажба.

Кога навивач на Јуве шета по плажа во Италија

Секој некој што навива за Интер, Рома, Наполи, Милан, Фиорентина или Лацио гласно зборува за теоријата околу судиската помош за шампионот Јувентус. Дали се во право или само се фрустрираат што не можат да го победат Јувентус оставаме на нив, ама еве што се случува со навивач на Јуве кога оди со дрес по плажа. Rigore на италијански е пенал.

Една поинаква фудбалска приказна од Сиера Леоне

Секој играч на Sierra Leone Flying Stars Amputee Football Team има своја потресна приказна за споделување, но сите овие луѓе ги спојува една иста судбина. За време на граѓанска војна во својата земја, овие спортисти ги загубиле екстремитетите од мините кои биле поставени. Но тоа не ги спречува да се натпреваруваат со други екипи од цел свет и да си го обноват сопствениот дух.

Судија имаш една работа и таа не ја вршиш

Трчаат праволиниски и треба да отвораат четири очи да не промашат офсајд или друг прекин на игра па во таа ситуација и мафтаат со знамето кое знае да им одлета.

5 меча суспензија за Роналдо поради екцесот со судијата

Откако влезе во игра во 58 минута наместо Карим Бензема, Роналдо направи неколку потези од кои: 1. еврогол, 2. прослава на гол со соблечен дрес 3.црвен картон и 4. туркање судија од зад грб за што доби драстична казна од шпанскиот сојуз.

Бразилецот кој треба да го замени Балотели во Вардар бил на чекор до Интер

Откако со волеј удар го тресна Копенхаген во Скопје, навивачите на Вардар беа зачудени што управата реши да го продаде Џонатан Балотели во пресрет на големата пресметка против Фенербахче. Според биографијата, неговиот заменик ветува многу повеќе.

Досега 25.000 карти продадени за Милан - Шкендија

Како стојат работите, Тетовци ќе играат пред публика пред колку што никој од нив никогаш не играл во кариерата. Славниот „Сан Сиро“ се остри да сруши уште еден рекорд во Лига Европа.