Жозе Мурињо Феликс почина. Светот на фудбалот го виде на фотографијата објавена на Инстаграм на Жозе Мурињо, оној пославниот, односно син му. Мурињо сениор беше одличен голман на Виториа Сетубал и Белененсес, со еден настап за репрезентацијата на Португалија, одигран на на 25 јуни 1972-ра или точно 45 години пред неговата смрт.
Бранеше пред син му Жозе кој тогаш иаше 9 години, а селектор му беше Жозе Аугусто, поранешно крило кое играше во Бенфика заедно со Еузебио.
Како тренер, Феликс беше многу ценет во својата земја, имаше четири промоции во прва лига, но никогаш немаше прилика да води голем клуб.
Мурињо јуниор од татко му не ја научи само базата на фудбалот, но и како да изгради став и да има однос за да направи тренерска кариера.
„Татко ми беше добар тренер и секогаш работеше добро, каде и да оди. Отсекогаш мислам дека можеше да направи многу повеќе, ако имаше повеќе самодоверба и амбиции. Кога го гледав мислев дека треба да направам повеќе од него“, изјави Мурињо во едно интервју.
Со други збори, кога ќе се претставиш како смирен и повлечен, оставаш другите да те потценат. Се разбира дека без Жозе сениор, денеска Мурињо немаше да го тренира Манчестер Јунајтед.
„Кога почнав да тренирам беше речиси задолжително да се биде поранешен добар играч, но денеска ситуацијата е малку изменета. Јас сум поранешен фудбалер, но на ниско ниво. За разлика од други, благодарение на татко ми, јас дишев фудбал уште од раѓање. И тоа е мојата сила. Потоа одев напред и учев од секоја средина во која работев, но без него немаше да биде ништо“, вели Мурињо.
Меѓу другото, во својата куса полупрофесионална кариера, младиот Жозе неколку месеци и беше трениран од страна на својот татко во Рио Аве.
Истиот тој татко кој на возраст од 24 години го советуваше да се откаже од играње фудбал, за да заврши со физичко образование, да се запише на курс за тренери и да биде гордост на семејството.
Додека неговата желба за тренер растеше, Жозе сениор го поддржуваше во сонот да тренира голем клуб, без претходно создадена богата фудбалска кариера. Неговиот успех е уште поубав и позаслужен, бидејќи е долго време сонуван.