По клиповите на интернет Итало за Балотели е Марадона, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи, откако ФК Вардар и официјално денеска го претстави новото засилување за сезоната која почна овој месец.
Целото име му е Итало Хозе Оливеира дос Сантош, а освен некои убави голови на Јутјуб, има уште два факти кои ветуваат дека овој бразилски напаѓач може да биде доста добро засилување за Вардар.
Првиот е дека неговата вредност на Трансфермаркет изнесува милион евра, а вториот дека на 21 година бил блиску до потпис во Интер.
29 годишниот Итало има долгогодишно искуство во бразилскиот фудбал каде има играно за неколку клубови меѓу кои најпознати се Интернацинал, Атлетико Паранаенсе и Сао Паоло.
Втор клуб во кариерата му е португалскиот прволигаш Маритимо каде заминал во 2006-та, а во Вардар доаѓа од бразилскиот второлигаш Клуб де Регатас.
„Многу сум среќен сум што дојдов во Вардар и овој клуб за мене претставува нов предизвик во кариерата. Верувам дека брзо ќе се прилагодам на екипата и со нетрпение чекам да заиграм со моите нови соиграчи. Сега е на мене да почнам да тренирам со мојот нов тим и што побрзо да се подготвам за сезоната и да ги оправдам очекувањата од клубот. Пред да дојдам тука научив дека дека Вардар е најтрофејниот македонски тим и дека е три пати по ред шампион. Се надевам дека и во оваа сезона Вардар ќе успеее да ја одбрани титулата и повторно да биде шампион и да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Исто така знам дека екипата игра во плеј-офот во Лигата на Европа против Фенербахче и се надевам дека Вардар ќе излезе како победник и ќе успее да помине во групната фаза“, изјави Итало за сајтот на ФК Вардар.
Новиот бразилски напаѓач според бројките на Википедија во кариерата има постигнато 48 гола, а со Интернационал го има освоено Купот на Порто Алегре.
На 0:40 одличен гол со освртување
Компилација