Таг: итало

Итало го тресна Розенборг за 9 минути

Падна првиот гол на Вардар на домашен терен во Лига Европа со кој Вардарци уште на стартот од мечот поведоа против Розенборг со 1:0. Вардарци тргнаа отворено на стартот и откако Бобан Николов му ја спушти топката со гради на Итало, Бразилецот ја прифати и го матираше Хансен.

Бразилецот кој треба да го замени Балотели во Вардар бил на чекор до Интер

Откако со волеј удар го тресна Копенхаген во Скопје, навивачите на Вардар беа зачудени што управата реши да го продаде Џонатан Балотели во пресрет на големата пресметка против Фенербахче. Според биографијата, неговиот заменик ветува многу повеќе.