Откако мечот од 3. коло против романска Крајова го гледаа 65.763 гледачи што одамна не се собраа во толкав број на „Сан Сиро“, ништо чудно ни во четврток од 20:45 средбата Милан - Шкендија да ја гледаат над 60.000 гледачи.
Барем ако им се верува на официјалните профили на Милан на социјалните мрежи кои објавија дека денес до напладне се продадени 25.000 карти а до мечот има уште цели 3 дена.
Around 25,000 tickets have been sold for #MilanShkendija on Thursday, according to Sky.
— Milan Eye (@MilanEye) August 14, 2017
УЕФА пред 10 дена објави дека тифозите на италијанскиот клуб го срушиле рекордот кој го држеше Борусија Дортмунд од мечот со Волфсбергер во истата рунда во сезоната 2015/2016 кога стадионот во жолто-црно го обоија 65.190 гледачи. Инаку недостижен и неверојатен останува рекордот на Тотенхен во Лига Европа којшто во нокаут фазата против Гент минатиот февруари на „Вембли“ го гледаа 80.465 гледачи!
Во однос на мечот, во денешното издание La Gazzetta dello Sport ја опишува Шкендија како клуб кој доаѓа од најголемиот град на албанската заедница во земјава и чијшто капитен е репрезентативецот Ферхан Хасани (27). La Gazzetta потсеќа и дека Шкендија сезонава во првото коло ги елиминираше Молдавците Дачиа Чишинау вкупен резултат (7-0), потоа ХЈК Хелсинки од Финска со вкупен резултат 4-2 и на крајот Тракај од Литванија исто со 4-2.
Реномираниот весник го споменува и Бесарт Ибраими за кого додава дека е поранешен играч на Шалке.