Зинедин Зидан и Реал Мадрид ќе мораат без својот најдобар играч во првите пет натпревари од шпанскиот фудбал.
Покрај суспензијата од пет меча, Кристијано добил и парична казна од 800 евра поради двете опомени, а Реал Мадрид е казнет со 350 евра според членот 124, 113.1 и 52 од Кодексот на Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација.
Тоа подразбира дека актуелниот европски шампион со Португалија и клупски со Реал Мадрид ќе ги пропушти дуелите од Ла Лига против Депортиво, Валенсија, Леванте, Реал Сосиедад и ако не го пропушти реваншот од Супер Купот, ќе го пропушти мечот со Реал Бетис. Во случај суспензијата да важи и за реваншот од Супер Купот на Шпанија, тогаш Роналдо ќе се врати во составот за мечот со Бетис.
Реал Мадрид соопшти дека ќе достави жалба на казната во следните неколку дена.
Целата збрка настана во финишот од мечот. По голот на Меси од пенал, Роналдо најпрви постигна фантастичен гол и оправдано доби жолт картон поради соблекувањето на дресот (како Меси на „Бернабеу“ во април годинава).
Само две минути подоцна Кристијано доби црвен картон откако при еден дуел со Умтити во противничкиот шеснаесетник не се додржа на нозе и падна а судијата тоа го процени како симулација, му даде втор жолт картон и го исклучи: