Offside

Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.

На боксерите не им е секогаш до тепање

Сè што не сте виделе и очекувале од луѓе на кои работата им се состои во тоа да се пресметаат и измлатат во ринг го има во ова видео. Уште бакнеж фали.

Најплодните 7 години од кариерата на Давид Луиз

Тешко дека постои дефанзивец кој не сака да биде во кожата на Бразилецот во изминатиов период. Не само поради платата и славата, туку и поради трофејната сала која ја наполни до даска за само 7 години.

На Бразил му требаат 10 секунди да ви даде гол

Откако загубија на пријателската од Аргентина, Кариоките попладнево играат генерална проба за Купот на Конфедерации против Австралија во Мелбурн. Само што почна мечот, Диего Соуза од Спрот Ресифе го отвори резултатот.

Драмско сценарио со среќен крај за МВП Кевин Дурент

Го хејтаа, го напаѓаа зошто ја предаде Оклахома и отиде на готово да освои титула, но Дурент им докажа на сите дека е неверојатен кошаркар кој заслужено го освои прстенот и МВП наградата. „Ова е МВП и за момците од клупата, не е само мој“.

Најемотивното видео за Европската титула на Вардар

Емоции, среќа, морници и моменти за историја. Тој што го монтирал видеово целосно ја разбира тежината на успехот на Рк Вардар кој на 4 јуни ја покори Европа. Видеово посветено на Европскиот шампион е беспрекорно и безвременско.

Резервниот голман на Баерн кој освои 13 трофеи а одигра само 8 меча

Нема многу играчи на светов кои може да се пофалат со тоа што му успеа на Том Штарке, третиот голман на Баерн на кого не му сметаше 5 години да дреме на клупата но и да се радува на еден куп титули.

Голден Стејт Вориорс се врати на тронот во НБА лигата

По пауза од една година тимот на Стив Кер повторно го освои шампионскиот прстен во најквалитетната кошаркарска лига во светот, вкупни петти во нивната историја. Вориорси се шампиони во 1947-ма, 1956-та, 1975-та, 2015-та и 2017-та година.

Шокантниот пресврт на Португалија над англискиот дрим тим

Во А групата на ЕП 2000, селекцијата на Англија според составот со кој располагаше беше фаворит за освојување на првото место, но на денешен ден пред точно 17 години им се случи дебакл. Со головите на Сколс и Мекманаман имаа 2:0 за 18 минути, а потоа три пати ја вадеа топката од мрежа.

Легендарниот бек кој има осум деца од седум жени

По многумина најдобриот лев бек во историјата на фудбалот. Човекот кој фудбалот го играше со најголемите величини каков што беше и самиот има неверојатна биографија за која наскоро може да се очекува игран филм.

На ЕП во Полска внимавајте на тинејџерот Елмас кој одигра без грешка со Шпанија

По разочарувачките 45 минути против Црвената Фурија, Ангеловски во вториот дел му даде можност на едно дете кое влезе во игра на 17 години, не загуби дуел, а првиот му беше против Иниеста на кој му ја украде топката дрско и без респект. 

Во откритие на Андре Силва - наследникот на Паулета

21-годишниот Португалец е најозборуваниот фудбалер деновиве, а не случајно новите газди на Милан прифатија за него да избројат 38 милиони евра плус бонуси.

Кога во Грција сакаш да прославиш титула кај ривалот

Додуше ривал е мал збор за душманската омраза која владее меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос. Во финалето на грчкиот плејоф, црвено-белите од Пиреја водеа 2-1 во партии, но зелено-белите од Атина направија целосен пресврт и синоќа ја освоија титулата после две години.

Кошаркарската интелигенција на Леброн

Имаме два идентични напади на Кливленд по ред на четвртиот финален натпревар од НБА лигата. Во првиот напад Леброн Џејмс е посматрач и одма влече поука и наоѓа начин како потоа да го измами Кари за да не ја украде топката по втор пат.

Публика истепа кик-боксер после спорна победа

Бесни навивачи го нападнаа кикбоксерот Муртел Гронхарт од Холандија откако овој зад грб го удри и го патосираше Ерменецот Арут Григорјан на турнирот Glory 42 во Париз.

Фиго мајсториште на 44 години, Роналдо е преку 100 кила

Легендите на Реал Мадрид и Рома одиграа химанитарен натпревар на Сантијаго Бернабеу. Луис Фиго и Мориентес се во форма форма, а Ил Феномено едвај се движеше од дебелина.

Магија на Лоренцо Инсиње

Паралелно со мечот меѓу Македонија и Шпанија на стадионот Фриули во Удине, Италија го смачка Лихтенштајн со 5:0. За величење е мајсторијата на фудбалерот на Наполи кој држеше страшна форма изминатава сезона во Серија А.

Ангеловски: Елиф Елмас е бисер на мак-фудбалот

„Многу се нервирам кога мојата екипа се плаши да игра фудбал“, изјави селекторот на Македонија и призна дека и покрај големината на противникот, нашите играчи го донеле резултатот пред егал.

Топот на Стефан Ристовски против Шпанија

Одлична фудбалска вечер на „Телеком“ Арената, зачинета со страшниот гол на десниот бек на Ријека кој му ја искина мрежата на Де Хеа.

Шпанија ги однесе бодовите од Скопје

Во шестото квалификациско коло за Мундијалот следната година, македонската фудбалска репрезентација загуби од Шпанија 1-2 (0-2). Голот на Стефан Ристовски ќе конкурира за најубав гол во квалификациите.

Калински: Грандисимо Горан Пандев

Ако некој дуел од шесте вкупно кои досега сме ги одиграле против Шпанците не е за заборавање, тоа е оној пријателскиот кој се одигра на 12 август 2009-та. По повод половина век фудбал во Македонија, Црвената фурија ни гостуваше на Градски и се изнамачи да нè победи.

Магичните 17 месеци на Зинедин Зидан

Кога францускиот легендарен фудбалер стана тренер во Реал Мадрид дојде речиси без никакво тренерско искуство, а доби задача да го води еден од најдобрите клубови во светот кој тогаш беше во мала криза. 17 месеци подоцна, ете го со 5 трофеи и многу рекорди.

Колеги од Рома, а се фатија за врат на мечот БиХ - Грција

Мечот од квалификациите за Светското 2018 меѓу БиХ и Грција заврши 0-0, но мечот го одбележаа еден куп инциденти.