Несторовски збрца два комада за Палермо

По четири кола без победа, фудбалерите на Палермо конечно стигнаа до 3 бода во втората италијанска лига. Сицилијанците го совладаа Карпи на гости со 1:3, а творец на победата е кој друг ако не Нестогол, кој од јануари месец немаше постигнато гол на гости.

Македонскиот напаѓач го реши противникот уште во прво полувреме со погодок во 10-та и 36-та минута. Палермо сега е трет на табела со два бода заостанување зад лидерот Емполи, a ова е гол број 6 за Илија во Серија Б.

„Мечот е завршен, горд сум на овие лавови, покажаа голем карактер и реагираа гордо. Чест нѝ е што ги браниме овие бои. Напред Палермо“, напиша капитенот на Фејсбук.

25 октомври 2017 - 09:00