Навивачот испрати писмо до клубот и го адресираше до Шон Џарвис, еден од директорите на Хадерсфилд.
„Почитуван Шон. Бев на натпреварот Хадерсфилд - Манчестер Јунајтед и најдов 5 фунти на стадион кои веднаш му ги дадов на тато, бидејќи не можете да го задржите она што не е ваше. Може ли да го прашате Господинот Вагнер (тренерот на Хадерсфилд), дали ќе може парите да ги задржи Арон Муи, бидејќи одигра најдобро против Манчестер Јунајтед и постигна гол. Тие 5 фунти ги ставив во пликот. Ви благодарам“, напиша малиот Адам.
— Sean Jarvis (@SeanMJarvis) October 24, 2017
Со овој потег тој ги стопи срцата на навивачите, го сврте целото внимание на медиумите, а Арон, инаку репрезентативец на Австралија, веднаш се огласи дека сака да се сретне со него.
A young Huddersfield Town fan found £5 and sent it to Aaron Mooy... because there is still good in this world ❤️
— BBC Sport (@BBCSport) October 24, 2017
👉 https://t.co/SgNbKwUieS pic.twitter.com/S7g7Ey1Hr0
Победата против Манчестер Јунајтед е прва по 65 години за дебитантот во новоформирана Премиер лига, а вакви фудбалски приказни во кои навивачите се во преден план, обично се случуваат во помалите клубови во Англија.